Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјата на „кариоките“ на нозе: Бразил ја слави деветтата титула на Копа Америка (Видео)

0
By Нова ТВ on July 8, 2019 СПОРТ
Фото: bbc.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 8, 2019 01:27

Бразил е нов фудбалски шампион на Јужна Америка. По пауза од 12 години, „кариоките“ успеаја да го подигнат континенталниот трофеј по победата во финалето на Копа Америка над Перу со 3:1. Стрелци за бразилската селекција на култниот стадион „Маракана“ во Рио беа Евертон во 15. минута, Габриел Жезус во екстра времето на првиот дел и Ришарлисон од пенал во 90. минута. Почесниот за цврстите Перуанци беше дело на Гвереро од белата точка во 44. минута. Аргентина го освои бронзениот медал по победата над Чиле во малото финале со 2:1.

Бразил во последните 20 минути од финалето беше со фудбалер помалку на тревникот по исклучувањето на Габриел Жезус. Но, не само што успеа да ја одбрани предноста од еден гол туку и го запечати триумфот за деветти трофеј на Копа Америка, петти на домашен терен во исто толку организации на првенствата на Јужна Америка.

https://www.youtube.com/watch?v=VDswyR5EYoY

Шампионскиот пехар му беше врачен на капитенот Дани Алвеш, официјално прогласен за најдобар играч на годинашното издание на турнирот кој воедно е најтрофеен фудбалер на светот со 40 титули. Признанието за најдобар во финалето го понесе Евертон кој беше стрелец на првиот гол и изнуди пенал за својот тим. Членот на Гремио, исто така, заврши и како прв стрелец на првенството со три гола колку што постигна и Гвереро. Индивидуална награда доби и голманот Алисон Бекер кој прими само еден гол во шесте настапи на Копа Америка 2019.

Перуанците, од друга страна, го поправија впечатокот по убедливиот пораз од Бразилците со 0:5 во групната фаза. Во финалето добро се држеа, долго време заостануваа само за гол, на моменти имаа шанси и за 2:2. По 44 години повторно заиграа за престижната титула на Копа Америка, откако во четврт-финалето го елиминираа Уругвај, по подобро изведување на пенали, а во полуфиналето и Чиле и завршија како најпријатно изненадување на шампионатот.

Наредното јужноамериканско фудбалско првенство е догодина од 12 јуни до 12 јули во коорганизација на Аргентина и на Колумбија.

Бразил Копа Америка Перу финале фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.