НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пораки од прославата на Илинден: Помирување, обединување, но и барање за нови избори

0
By Нова ТВ on August 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пораки за помирување и обединување пред крупните и стратешки цели – членство во НАТО и во ЕУ, беа клучни поенти во вчерашните обраќања на претставници на државниот врв на трите места на кои се одбележа 2 август (Илинден), Ден на Републиката.

На чествувањето во Скопје, што за првпат се одржа пред претседателската вила на Водно, претседателот Стево Пендаровски истакна дека државата е заедничка одговорност и најголем предизвик денес е граѓанското помирување, а владеењето на правото, рече, „да биде темелна вредност со која не смее да се прави компромис“.

„Да ги надминеме историските поделби и непотребните политички конфронтации. Да се обединиме во еден единствен фронт за реализација на нашата заедничка цел – трансформација на Северна Македонија во напредна европска држава, членка на НАТО и на Европската Унија. Да градиме демократска држава во која успехот на едниот нема да биде врз грбот на другите“, порача шефот на државата.

Во духот на слоганот на годинашното чествување „Сите сме деца на Илинден“, премиерот Зоран Заев од Крушево порача дека продолжуваат политиките за надминување на поделбите. Наша патриотска должност, нагласи Заев, е да се обединиме и помириме внатре, додавајќи дека Мечкин Камен „не треба да биде камен на сопнување, туку камен-темелник на помирување, заедништво и разбирање“.

„Не треба да чекаме повеќе. Време е да стануваме и да се биеме, сами ние Македонците да се бориме за земјата. Нема подобар начин да им се оддолжиме на нашите херои, освен со продолжување на нивните храбри дела, оживотворени во Крушевскиот манифест и решенијата на АСНОМ“, истакна Заев.

Пораки за заедништво имаше и во говорот на претседателот на Собранието, Талат Џафери кој од Пелинце се осврна на напредокот во интегрирањето во НАТО и во ЕУ и рече дека народот ја дал довербата, а дека „сите ние сме подеднакво одговорни и за подемот и за застојот на тој пат“.

Минатите две и пол години ги нарече „најжешките години во историјата на земјава“, период на донесување на тешки, меѓутоа, државнички одлуки за деблокирање на процесот пришто најважно е, како што рече, дека „се вративме на брзата пруга за евроатлантска интеграција“.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и оваа година го чествуваше Илинден во струшкото село Ташмаруништа. Нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски побара поддршка и масовност на следните парламентарни избори за кои рече дека треба да се итни и со нив народот ќе се избори за обнова на Македонија.

Пред насобраните граѓани истакна дека „не смееме и немаме историско право да се одречеме, ниту да го посрамотиме делото на илинденците“ и нагласи дека „нивната жртва нема да биде залудна ако нашите дела бидат вистински“.

„Гоце Делчев е нашата светост. Ќе преговараме и ќе разговараме сè додека не докажеме дека вистинската вистина е дека Гоце е Македонецот кој се борел за независна, за суверена и за македонска држава. Лесно е да се откажеш и да го рушиш она што се градело со векови, тешко е да го сочуваш“, рече Мицкоски во обраќањето кај споменикот на паднатите востаници во Ташмаруништа.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ имаше и на централното чествување во Крушево каде, како што изјави потпретседателот на партијата, Александар Николовски, „очигледно од организирани партиски луѓе не биле удостоени со соодветен пречек, а биле спречени да положат венец и во споменикот „Македониум“ затоа што организаторите не ги известиле за измена на терминот“. Владата го демантираше тоа со тврдење дека претставниците на ВМРО-ДПМНЕ биле уредно поканети и известени за организациските детали и протоколот, но дека не се појавиле.

На чествувањето на двата историски Илиндена – 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ немаше инциденти. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оцени дека чествувањето поминало „обединето, достоинствено, честито“ и за тоа им се заблагодари на граѓаните што празнуваа и на полициските службеници кои беа ангажирани на настаните.

ВМРО ДПМНЕ Илинден пораки СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.