НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Варвициотис: Атина ќе го следи секој чекор на Скопје

0
By Нова ТВ on August 4, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Атина ќе го следи секој чекор на Скопје, грижејќи се дека е во рамките што сме ги поставиле, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервју за неделното издание на весникот „Етнос“. Одговарајќи на прашање за европската перспектива на земјите од регионот, тој објаснува дека е потребно да се исполнат критериумите.

„Грчката влада има цврст и позитивен став кон перспективата за проширување на Унијата кон поширокиот регион со земјите од Западен Балкан. Меѓутоа, за нивна интеграција, сметаме дека е неопходно почитување на принципите на владеење на правото и, секако, градење на добрососедски односи. Ова значи усогласеност со воведените уставни измени и напуштање на било кој елемент на иредентизам. Атина ќе го следи секој чекор на Скопје, грижејќи се дека се наоѓа во рамките што сме ги поставиле“, вели Варвициотис.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија во интервјуто за „Етнос“ ги споменува и трговските ознаки за производите, вели дека освен билатералниот институционален дијалог и меѓународната комисија на експерти, грчката Влада одбра дополнителна политичка и технократска димензија.

Од една страна, ги поставивме основите за спроведување на колку е можно пошироки активности за промовирање на „брендот“ на македонските производи, а од друга страна, целиот овој сплет ќе помине во Европската Унија, со главен критериум за европската интегративна перспектива на соседната земја, објаснува Варвициотис.

Атина Договор ЕУ Милтиадис Варвициотис Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.