Екипата на ЛАСК Линц го приреди изненадувањето на втората квалификациска вечер за пласман во Лигата на шампиони во која честа на домаќините, делумно, ја спаси романски Клуж во дуелот со Селтик. Австрискиот претставник неочекувано славеше над Базел со 2:1 во првиот меч од третото коло и во голема мера ги подгреа надежите дека пласман во плејофот не е невозможна мисија.
Сите три гола на „Сент Јакоб Парк“ беа постигнати во второто полувреме. Гернот Траунер погоди во 50. минута за водство на ЛАСК, на 2:0 зголеми Жоао Клаус во 82. минута, а единствениот погодок за тимот кој во минатото коло го исфрли ПСВ Ајндховен беше дело на Лука Зуфи во 87. минута.
Минимнални победи по 1:0 на гости забележаа и Порто над Краснодар (1:0) како и Олимпијакос против Башакшехир во Истанбул, најубедлив беше тимот на Розенборг против Марибор (3:1), а Клуж ремизира со Селтик на домашен терен (1:1).
Резултати од првите мечево во 3 квалификациско коло за ЛШ
Марибор – Розенборг 1:3
Базел – ЛАСК Линц 1:2
Башакшехир – Олимпијакос 0:1
Краснодар – Порто 0:1
Клуж – Селтик 1:1
Вторник
Црвена звезда – Копенхаген 1:1
Динамо Загреб – Ференцварош 1:1
Бриж – Динамо Киев 1:0
ПАОК – Ајакс 2:2
АПОЕЛ – Карабаг 1:2