НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски на Денот на АРМ: Oд скромна формација- до армија идна членка на НАТО

0
By Нова ТВ on August 18, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со пригодна свеченост во Центарот за обука на вода во Охрид денеска беше одбележан 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Во обраќањето пред бројните гости, претседателот и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски потсети на историските зачетоци на современата македонска армија, од 18 август 1943 година кога на Славеј Планина беше формирана првата голема воена формација, Првиот баталјон именуван во чест на паднатиот борец и народен херој, член на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди – Мирче Ацев.

„На самите свои почетоци Армијата започна скромно и во крајно неповолни услови. Меѓутоа, за кратко време се консолидира, а веќе во средината на 90-те години отпочна со структурни реформи, со цел да се трансформира во армија на идна земја членка на НАТО. До денес ова стратешка цел претставува еден од најголемите кохезиони фактори во нашето општество, поддржан од широк национален консензус зад кој стојат сите релевантни политички партии, огромното мнозинство граѓани од сите етнички заедници, а силна поддршка даваат и невладиниот сектор и бизнис заедницата“, рече меѓу другото Пендаровски.

Претседателот потсети дека по повеќе од две децении реформи и решавање на долгогодишниот спор околу името со Грција, земјата е на чекор од полноправно членство во НАТО.

„Ние многу одамна решивме да ги прифатиме вредностите на Северноатлантскиот договор кој нè обврзува да ги чуваме „слободата, заедничкото наследство и цивилизацијата на народите засновани на принципите на демократијата, индивидуалната слобода и владеењето на правото“, како основа на системот на колективна одбрана и заштита на мирот и безбедноста. Владеењето на правото е неопходен услов за функционирање на демократијата и за развојот на слободното општество. Затоа, наш апсолутен приоритет е да го издигнеме владеењето на правото во наша врвна вредност и да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите и во државата“, рече Пендаровски.

Тој даде ветување дека како врховен командант ќе инсистира на подобрување на животниот и професионалниот стандард на војниците, како и поддршка на реформите во одбраната.

„Еден од приоритетите во реформските процеси ќе биде насочен кон декларираните НАТО-единици, а во тој контекст целосно ги поддржувам заложбите на Владата како идна членка на НАТО да издвојува два проценти од БДП за инвестирање во одбраната, за што согласно моите надлежности ќе направам се да биде реализирано најдоцна до 2024 година“, рече претседателот Пендаровски.

Шекеринска: За да бидеме силни надвор, мораме прво да бидеме силни дома

Свое обраќање пред присутните имаше и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која истакна дека Армијата својот 27. роденден го празнува во година за која забележа дека е година на успех, година во која се заокружува патот на државата кон членството во НАТО.

Потсетувајќи на секојдневниот ангажман на Армијата во изминатиот период, од сите редовни активности, учеството во мировни мисии во странство, но и акции во вонредни ситуации, па се до крводарителски и акции за спасување, Шекеринска ја истакна обврската на државата и системот да обезбеди најдобар тренинг, најдобра опрема, како и постојано инвестирање во обука на војниците и старешините.

„И тоа го правиме. Затоа две години по ред го зголемуваме буџетот на одбраната, затоа две години по ред ги зголемуваме платите, затоа ги исплаќаме редовно и јубилејните награди и дежурствата. Затоа започнавме со обезбедување на спортска и алпинистичка опрема за припадниците на Армијата. Набавивме нови инженериски машини по цели 16 години. Ја подмладивме Армијата со 500 нови професионални војници. Затоа обезбедивме парични награди за повеќе припадници кои покажаа вонредна подготвеност, хуманост и пожртвуваност кон цивилното население. Хуманоста е невидлива еполета на нивните рамења“, рече таа потсетувајќи и на новиот Правилник според кој сите учесници во мировни и хуманитарни операции ќе продолжат да ги примаат своите основни армиски плати, а вкупната месечна заработка (заедно со сите надоместоци) ќе биде повисока за 500-700 евра за сите војници и подофицери.

Министерката за одбрана истакна дека таквите заложби за натамошните заложби за опремување и модернизација на вооружените сили се дел од Долгорочниот план 2019-2028, што предвидува измена на клучните закони и воведување на НАТО правилата, а насочени кон модернизација на Армијата и подобрување на нејзините оперативни способности.

„Поголема грижа, поголем домашен буџет, поголема сигурност, поголема мотивација. Сето тоа го правиме и ќе го правиме затоа што – за да бидеме силни надвор, мораме прво да бидеме силни дома. Единствено со инвестирање во нашата безбедност и во нашите капацитети, можеме да стекнеме сигурност во себе и во нашите планови“, рече министерката за одбрана Шекеринска.

Во рамки на свеченоста во Охрид беше одржана и церемонија на која претседателот на државата Стево Пендаровски ги врачи ордените за воени заслуги доделени на Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје, како и Сквадронот на транспортни хеликоптери од воздухопловната бригада на Здружената оперативна команда при Армијата на РСМ.

АРМ Охрид роденден Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.