НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ПМФЛ: Академија П. и Ренова без пораз, Шкендија и натаму без победа

0
By Нова ТВ on August 25, 2019 СПОРТ
Фото: facebook.com/fcshkendija
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шкендија не успеа до три бода ниту во третиот настап во новата сезоната во македонската Прва фудбалска лига. Тетовци за првпат играа како домаќини, по гостувањата кај Академија Пандев и кај Силекс, но против Македонија Ѓ.П. попладнево одиграа само 1:1 како продолжение на резултатската и играчка криза што ги тресе од двомечот со Номе Калју во квалификациите за Лигата на шампиони.

Бразилецот Паду во 38. минута осигура водство за ѓорчепетровци под Шара што го анулира македонскиот репрезентативец Егзон Бејтула три минути подоцна. „Црвено-црните“ имаа прилики во второто полувреме за втор гол, но затаија во реализацијата, па резултатот од 41. минута остана и конечен на средбата.

Академија Пандев и Ренова се единствени без пораз по трите одиграни кола во прволигашката конкуренција. Струмичани се радуваа и во вториот настап на својот стадион „Младост“ на кој, по Шкендија (1:0), попладнево падна и Борец со 2:0. Капитенот Љупче Дориев во екстра времето на првиот дел погоди од пенал, за триумфот на „пандевци“ да го потврди Ѓорѓи Танушев во 50. минута.

Христијан Кировски беше двоен стрелец во победата на Струга Трим Лум на домашен терен над Силекс со 2:1. Поранешниот напаѓач на Македонија Ѓ.П., на Вардар, на Работнички и на Шкендија во домашната сцена реализира во 30. минута и во 66. минута, во меѓувреме за кратовци „стрелаше“ Дарко Гроздановски во 50. минута.

Најефикасниот меч во третата рунда го одиграа Шкупи и Ренова – 2:2. Двата гола за чаирчани ги постигна интернационалецот од БиХ, Марин Јурина во 42. минута и во 90. минута, двата, пак, за прволигашот од Џепчиште беа дело на Ремзи Селмани во 44. минута и во 82. минута.

Вардар во увертирата на фудбалскиот викенд во ПМФЛ славеше над Работнички со 2:0 со погодоците на Бојан Колевски во 56. минута и на Даниел Аврамовски во првата минута од судиското надополнување на средбата.

ПМФЛ, 3 коло

Шкендија – Македонија Ѓ.П. 1:1

Академија П. – Борец 2:0

Шкупи – Ренова 2:2

Струга Т.Л. – Силекс 2:1

Вардар – Работнички 2:0

Табела: Академија Пандев 7, Ренова 7, Струга Трим Лум 6, Македонија Ѓорче Петров 5, Шкупи 4, Вардар 4, Работнички 3, Силекс 3, Шкендија 1, Борец 1.

Идно коло: Работнички – Академија П., Ренова – Вардар, Струга Т.Л. – Шкупи, Силекс – Македонија Ѓ.П., Борец – Шкендија.

Академија Пандев ПМФЛ Ренова фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.