Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локалната и централната власт на маса: Општините се финансиски многу зависни од Владата

0
By Нова ТВ on September 1, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 1, 2019 12:23

Деценискиот процес на децентрализација стагнира, а општините во голема мера се зависни од централната власт. Ова е заеднички заклучок од дијалогот во организација на Министерството за локална самоуправа со претставници на ЗЕЛС, градоначалници и експерти за подобрување на функционалноста на општините што овие два дена се одржува во Маврово. Особено се однесува на помалите и рурални општини на кои им е неопходен дополнителен трансфер на средства од државниот буџет за да можат да преземат некои нови надлежности. Но, истовремено е констатирано дека општините демонстрираат и низок фискален капацитет и недоволна ангажираност во прибирање на приходи од такси и даноци на локално ниво.

„Денеска сме овде за да го продолжиме дијалогот меѓу централната и локалната власт за промените што се неопходни. Едно од најважните прашања е дали надлежностите што сега се утврдени во Законот за локална самоуправа ги остваруваат општините во полн капацитет, кои се тие надлежности за кои што има потреба и услови да бидат дополнително пренесени и како сегашниот систем на финансирање да биде редизајниран на начин што нема да создава дополнителен финансиски и развоен јаз меѓу општините“, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

На дводневната средба во Маврово присуствува и скопскиот градоначалник, Петре Шилегов кој нагласи низа заложби на ЗЕЛС. Како што истакна, се однесуваат на зголемување на приходите од данокот на додадена вредност (ДДВ) и од пресоналниот данок, средствата од игри на среќа, пренесување на нови надлежности и установи во областа на превентивната здравствена заштита, социјалната заштита, во културата, во управувањето со земјоделско земјиште, издавање на документи од матичната евиденција и друго, но и за надминување на преклопувањето на надлежности меѓу Град Скопје и општините на територија на Град Скопје.

„Неопходни се промени во надлежностите и во начинот на финансирање на општините затоа што во спротивно проблемите ќе треба да се решаваат со нова територијална организација“, рече градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Петре Шилегов.

На форумот се разговараше и за механизмите и капацитетите на општините за граѓанско учество и развој на локалната демократија, како и за статусот и за начините на подобрување на функционалнаста на месната самоуправа.

Влада дијалог надлежности општини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.