НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германскиот претседател Штајнмајер побара прошка за полските жртви од Втората светска војна

0
By Нова ТВ on September 1, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, во денешното обраќање на германски и на полски јазик во Вилун, побара прошка за полските жртви од германската тиранија во Втората светска војна.

„Се поклонувам на жртвите од нападот во Вилун, им се поклонувам на полските жртви од германската тиранија и барам прошка“, истакна Штајнмајер на комеморацијата во полскиот град Вилун по повод 80-годишнината од почетокот на Втора светска војна.

Тој упати и благодарност до Полска за „пружената рака во знак на простување“.

„Како претседател на Германија сакам да ве уверам дека ние никогаш нема да заборавиме, секогаш ќе паметиме и сакаме да паметиме и да преземаме одговорност што ја наметнува нашата историја“, посочи Штајмајер.

Штајнмајер и неговиот полски колега Анджеј Дуда утрово ја почнаа комеморацијата по повод 80-годишнината од почетокот на Втора светска војна. Церемонијата почна во полскиот град Вилун утрово во 04:40 часот, кога првите нацистички бомби паднаа на Полска и загинаа првите цивили. По едноминутното молчење, Дуда му се заблагодари на Штајнмајер за неговото присуство.

Подоцна, премиерот на Полска, Матеуш Моравијецки и европскиот претставник Франс Тимерманс ја одбележаа годишнината на полуостровот Вестерплате, каде се случи првата битка од Втората светска војна. На главниот настан во Варшава е најавено присуство и на германската канцеларка Ангела Меркел, потпретседателот на САД, Мајк Пенс и други.

Анджеј Дуда Германија Полска Франк Вактер Штајнмаер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.