НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дваесет и осум години независност во очекување за прием во НАТО и во ЕУ

0
By Нова ТВ on September 7, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија утре ќе одбележи 28 години од независноста по спроведениот референдум во 1991 година и изразената волја на македонските граѓани за самостојна и суверена држава. Под мотото „Боите на независноста“ кај „Школка“ во Градски парк ќе се одржи прослава во организација на Владата на која е најавено и обраќање на премиерот Зоран Заев. Во рамки на прославата ќе има богата културно-уметничка и забавна програма. Ќе настапат Петко и „Пет плус“, групата „Ај Кју“, Виолета Томовска, Елита Зибери и диџејот Драган Б. Костиќ.

Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во традиционалната храна, да учествуваат во спортски активности, а планирана е изложба што е подготвена од деца од малите групни домови. На посебен штанд на Министерството за здравство ќе можат да измерат крвен притисок и да извршат очен преглед. Припадниците на Министерството за внатрешни работи и на Армијата ќе изведат показни вежби.

Одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста ќе почне со положување цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и на вечните почивалишта на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател Киро Глигоров.

Низ 28-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели – зацврстување на демократијата, економски развој и интеграција во евроатлантските структури. И политичката криза последните години предизвика застој во процесот на евроинтеграциите, но беше надмината со Договорот од Пржино, декемвриските парламентарни избори и формирањето на ново владејачко мнозинство.

Долги години имаше и нерешен спор со Грција поради името. Разговорите почнаа под покровителство на Обединетите нации за конечно, по повеќедецениски преговори, минатата година на 17 јуни во Преспа во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да биде потпишан договор меѓу двете држави за решавање на спорот со името. Со тоа се отвори патот на државата кон ЕУ и НАТО. Земјата доби покана за членство во НАТО што ќе се заокружи со потпишување на протоколот од сите држави членки на Алијансата, а по годинашниот позитивен извештај на Европската комисија за напредокот на државата, очекувањата се дека во октомври ќе добие и датум за почеток на преговорите и со Европската унија.

8 септември Македонија независност прослава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.