НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се издигнаа како Триглав: Македонските одбојкари ја урнаа и Словенија за втора победа на ЕП

0
By Нова ТВ on September 17, 2019 СПОРТ
Фото: cev.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По освоениот сет против Финска, двата максимални пораза од Турција и од Русија, дојдоа две победи. Македонските одбојкари се издигнаа како Триглав, се одважија како да се бранители на титулата, го потиснаа притисокот, се растоварија од секаков императив, излегоа на терен да уживаат, заиграа слободно, а тоа им донесе резултат во последниот настап во групата Ц на Европското првенство. Во арена „Стожице“ ја совладаа и Словенија со 3:1 (по сетови: 26:24, 30:28, 19:25, 26:24), па дали ќе продолжат во осминафинале во Франција или не, ќе зависи од турските репрезентативци од кои ќе очекуваат победи против Белорусија и против Финска и да ги повлечат во топ 16.

Најефикасен играч во македонската репрезентација и овојпат беше Никола Ѓорѓиев. Капитенот повторно забележа преку 30 поени и за среќа имаше поддршка и од останатите. Свој ден во Љубљана имаа и Александар Љафтов, Владо Милев, одличен во блоковите беше Ристо Николов, солиден беше приемот на Дарко Ангеловски, стандардно константен беше Филип Деспотовски. Селекторот Никола Матијашевиќ одлично го водеше тимот од клупата, реагираше со тајм аути кога ќе почувствуваше дека е можен пад во играта или пак противникот влегува во серија за што ја користеше и можноста да побара челинџ за смирување на „црвено-жолтите“, но и за деконцентрација на словенечките одбојкари.

Ова беше само втора победа на С. Македонија во седмата одбојкарска пресметка со Словенија.

Македонските одбојкари по пет одиграни мечеви се трети во групата со биланс од две победи и три порази. Вечерва играат уште Турција и Белорусија, а групата ќе биде комплетирана во текот на утрешниот дел со мечевите меѓу Словенија – Русија (17.30 ч.) и Финска – Турција (20.30 ч.).

ЕП 2019 Македонија Одбојка (м) Словенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.