НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Федерер со порака: Ќе играм до Вимблдон

0
By Нова ТВ on September 17, 2019 СПОРТ
Фото: tennisworldusa.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Роџер Федерер (38) јавно порача дека ќе игра до Вимблдон, а во наредните неколку недели ќе донесе одлука дали по турнирот во Лондон ќе остане во АТП турот или ќе ја заврши кариерата. Швајцарскиот тенисер е рекордер со 20 освоени гренслем титули, последната таква ја освои на Австралија опен во 2018 година. Летото стигна до финале на лондонската трева во кое загуби од Новак Ѓоковиќ во пет сета.

„Длабоко во себе решив да играм до Вимблдон. Сега сум преокупиран со одлуката што потоа и со настапот на олимписките игри во Токио. За тоа веќе разговарам со членови на мојот тим од кои побарав мислење. Разговарав и со сопругата Мирка. Дефинитивната одлука ќе следи во наредните неколку недели“, пренесува „Евроспорт“.

Желба догодина му е деветта титула на Вимблдон, но и олимписко злато што го постави како цел во кариерата. Оваа сезона, пак, ја продолжи со намера да одигра неколку егзибициски мечеви во Јужна Америка во ноември меѓутоа никако не сака да ги загрози подготовките за 2020 година што би можела да биде негова последна во професионалниот тенис.

„Реков дека можам само ако имам двонеделна пауза. Разговарав со фитнес тренерот Пјер Паганини. За секоја наредна сезона почнувам со тренинзи, воглавно, на 4 декември. Овојпат тоа ќе биде на 11 декември. Се е договорено. Не мора да бидам 100 отсто подготвен за АТП купот на 3 јануари. Моја цел е Австралија опен“, истакна Федерер.

Како приоритет во приватниот живот ја нагласи желбата за минување на што повеќе време со семејството, па оттука е неизвесно дали ќе реши да биде дел и од швајцарската олимписка експедиција во Јапонија.

Вимблдон Кариера Роџер Федерер тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.