Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛШ: Наполи го шокира Ливерпул, Елмас одигра 20. минути

0
By Нова ТВ on September 17, 2019 СПОРТ
Фото: corrieredellosport.it
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 17, 2019 23:17

Карло Анчелоти го надмудри Јирген Клоп, Наполи го совлада Ливерпул. Калчолигашот го совлада актуелниот европски првак Ливерпул со 2:0 во мечот од првото коло во групата Е во фудбалската Лига на шампиони. Двата гола на „Сан Паоло“ беа постигнати во второто полувреме. Наполитанците поведоа со голот од пенал на Дрис Мертенс во 82. минута, трите бода ги потврди Фернандо Љоренте во втората минута од судиското надополнување како еден вид на одмазда кон „црвените“ за поразот во финалето во ланското издание на ЛШ како член на Тотенхем.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас почна како резерва во мечот со Ливерпул и од Анчелоти ги доби последните 20. минути како замена за Алан. Во вториот меч во групата Е, Салцбург како домаќин го совлада Генк со 6:2.

Борусија Дортмунд и Барселона одиграа без голови во второто дерби во вечерта во шампионската лига на УЕФА. Позадоволни од исходот може да бидат Каталонците од причина што „милионерите“ не успеаја да реализираат пенал во 57. минута (Тер Штеген го одбрани ударот на Марко Ројс). Победникот немаше и во вториот меч во групата Ф во кој Интер и Славија Прага одиграа 1:1.

Разочарувачки вовед во новата сезона во Лигата на шампиони за навивачите на Челзи. Валенсија ги порази лондонските „сини“ на „Стемфорд бриџ“ со 1:0 со погодокот на Родриго во 74. минута и навести дека нема да се задоволи со учество во групата Х туку ќе атакува и на пласман во нокаут рундите. Ајакс, во истата конкуренција, во Амстердам го порази Лил со 3:0.

Непријатна вечер пред своите гледачи и за Бенфика. Португалскиот тим загуби на својот стадион „Луж“ од Лајпциг со 1:2 во меч од групата Г во која Олимпик Лион и Зенит Санкт Петербург поделија по бод (1:1) на „Жерлан“.

Лига на шампиони, 1 коло

Група Е: Наполи – Ливерпул 2:0, Салцбург – Генк 6:2

Група Ф: Борусија Дортмунд – Барселона 0:0, Интер – Славија Прага 1:1

Група Г: Бенфика – Лајпциг 1:2, Олимпик Лион – Зенит Санкт Петербург 1:1

Група Х: Челзи – Валенсија 0:1, Ајакс – Лил 3:0

Елиф Елмас Лига на шампиони Наполи фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.