Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Биланс од земјотресот во Албанија: Оштетени 109 куќи, 7 згради, повредени 68 лица

0
By Нова ТВ on September 22, 2019 СВЕТ
Фото: channelstv.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 22, 2019 09:01

Министерката за одбрана Олта Џачка го презентира првичниот извештај за последиците од двата силни земјотреса што вчера попладне ја погодија Албанија.

„Според првичните официјални информации, иако овие информации се ажурираат од минута во минута бидејќи тимовите ја скенираат ситуацијата на теренот, до овој момент има 68 пријавени повредени, но во сите случаи станува збор за полесни повреди. Она што е најважно е што немаме загуба на животи“, рече Џачка.

Според неа поголема материјална штета е причинета на куќи и станбени згради, пред се во Драч и во Тирана.

„Досега главно се регистрирани оштетувања на ѕидови и друга штета во 46 куќи и три станбени згради во Тирана, 42 куќи, главно стара градба и 4 станбени згради во Драч, во Либражд 7 куќи, во општина Клос-Пешкопеја три објекти се оштетени, а една куќа урната, од една до четири куќи се оштетени во Берат, Фиер и Лежа. Оштетени се и неколку возила врз кои паднал материјал од објекти. Потврдено е дека земјотресот не предизвикал никаква штета на нафтените извори“, рече Џачка.

Таа посочи дека Министерството за одбрана, за внатрешни работи и за здравство се во целосна готовност да им помогнат на граѓаните и да се грижат за нивната и безбедноста на нивниот имот.

Џачка информира дека за сите граѓани чии домови се оштетени и опасни за живеење, општинските власти подготвуваат посебни центри каде ќе бидат сместени.

Министерството за инфраструктура и енергетика информира дека не се регистрирани сериозни оштетувања на патишта и мостови. Кус прекин во снабдувањето со електрична енергија имало во Драч, но проблемот е надминат и снабдувањето е нормално на целата територија на земјата.

Инаку, првиот потрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтер и интензитет од 7,5 степени, на 30 километри северно од Драч беше регистриран во 16:04 часот и е најсилен досега по оној од 15 април 1979 година. Почувствуван беше во сите делови на Албанија и во соседните земји.

Вториот земјотрес беше регистриран по десетина минути со магнитуда од 5,6 степени според Рихтер. Во период од шест часа по вториот, регистрирани се 12 потреси со послаб интензитет.

Синоќа во Драч беше претседателот Илир Мета кој по средбата со градоначалникот Роланд Насто, упати апел до граѓаните да останат смирени, побара целосна координација на структурите и додаде дека е потребна претпазливост со предупредувањата што доаѓаат од релевантните структури за да се избегне каква било можна опасност.

Премиерот Еди Рама го одложи патувањето во Њујорк на Генералното собрание на Обеднетите нации и од Фрактфурт доцна синоќа се врати во Тирана.

Лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша, посака брзо закрепнување на повредените, а со меѓусебна солидарност и помош на Бога, напиша тој на Фејсбук „ќе ја надминеме оваа вознемирувачка ситуација“.

Помош во надминување на состојбата понудиле Косово и Италија.

„Со вознемиреност ја примив веста за земјотресот што ја погоди Албанија. Телефонски разговарав со претседателот Илир Мета и со премиерот Еди Рама и им ја понудив нашата помош за надминување на состојбата. Од командантот на безбедосните сили на Косово, Рахман Рама, побарав да бидат во целосна готовност. На повредените им посакувам брзо закрепнување“, напиша Тачи на Фејсбук.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте во телефонски разговор со Рама искажал целосна солидарност и подготвеност на Италија да ` помогне на Албанија во надминување на последиците од земјотресот.

Албанија биланс земјотрес последици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.