Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дипломатски пасоши за српските одбојкари, 1 октомври национален празник во Словенија

0
By Нова ТВ on September 30, 2019 СПОРТ
Фото: cev.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 30, 2019 19:23

Српските одбојкарски репрезентативци ќе добијат дипломатски пасоши за освоената шампионска титула на Европското првенство што од 12 до 29 септември се одржа во Франција, во Словенија, во Белгија и во Холандија. Ова го најави Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи во Владата на Србија, по денешното враќање на националниот тим во Белград. Репрезентацијата на Србија во финалето во Париз ја совлада Словенија со 3:1 (по сетови: 19:25, 25:16, 25:18, 25:20) и со девет победи во исто толку одиграни мечеви по третпат се искачија на тронот по 2001 година и 2011 година.

Златните момчиња на селекторот Слободан Ковач денеска имаа дочек каков што наликува на континентални шампиони. Одбојкарите во изминатите 17 дена се херои на нацијата, стотици граѓани ги пречекаа на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, а потоа беа примени и од претседателот Александар Вучиќ.

И Љубљана денеска беше на нозе од одбојкарски причини. Словенците масовно излегоа на улиците на главниот град да ги поздрават репрезентативците кои од Париз се вратија како вицешампиони. На Конгресниот плоштад во градот, покрај одбојкарите, дочек беше организиран и за велосипедистите Примож Роглич и Тадеј Погачар како и за носителите на златен медал од Светското првенство во кајак и кану.

Фото: vecer.com

Успехот на одбојкарите го честита и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, а Олимпискиот комитет на Словенија побара 1 октомври да биде прогласен за национален празник Ден на спортот.

дочек Одбојка Словенија Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.