Големиот пресврт на Црвена звезда во Белград и понижувањето на Тотенхем среде Лондон ја одбележаа третата вечер во новата сезона од фудбалската шампионска Лига на УЕФА. Српскиот првак имаше негатива од 0:1 (стрелец Рубен Семедо 37’) по првото полувреме во дуелот со Олимпијакос, но на крајот славеше со 3:1 за прва победа во групата Б и пробив до второто место на табелата.
Победникот на стадионот „Рајко Митиќ“ го решија резервистите на „црвено-белите“. Израмнувачкиот погодок го постигна Милош Вулиќ кој влезе во игра во 55. минутам, а во 62. се впиша во листата на стрелци. Останатите два дојдоа по прекини, поточно, корнери. Водечкиот за Црвена звезда беше дело на Немања Милуновиќ во 87. минута, а за победничкиот се погрижи Ричмонд Боачи во 90. минута, речиси пола час по влегување во игра.
Фудбалерите на Баерн Минхен демонстрираа фантастична моќ во Лондон каде го понижија Тотенхем со 7:2 во „убавицата“ на вечерта во второто коло во Лигата на шампиони. Четири гола за Баварците постигна Серж Гнабри, сите четири во второто полувреме.

Германскиот играч за врска ги изрешета „спарси“ во 53. минута, во 55. минута, во 83. минута и во 88. минута, за два гола се погрижи Роберт Левандовски во 45. минута и во 87. минута, а еден за составот на Нико Ковач даде Џошуа Кимих во 15. минута.
Јужнокореецот Сон Хеунг Мин во 15. минута и Хари Кејн во 61. минута од пенал ги постигнаа погодоците за премиерлигашот кој во наредното коло (22 октомври) ќе биде домаќин и на Црвена звезда.
Лига на шампиони, 2 коло
Група А
Галатасарај – ПСЖ 0:1
Реал Мадрид – Бриж 2:2
Табела: ПСЖ 6, Бриж 2, Галатасарај 1, Реал Мадрид 1
Идно коло (22.10.2019 год.): Бриж – ПСЖ, Галатасарај – Реал Мадрид
Група Б
Црвена звезда – Олимпијакос 3:1
Тотенхем – Баерн Минхен 2:7
Табела: Баерн Минхен 6, Црвена звезда 3, Олимпијакос 1, Тотенхем 1
Идно коло (22.10. 2019 год.): Тотенхем – Црвена звезда, Олимпијакос – Баерн Минхен
Група Ц
Манчестер сити – Динамо Загреб 2:0
Аталанта – Шахтјор Доњецк 1:2
Табела: Манчестер сити 6, Динамо Загреб 3, Шахтјор Доњецк 3, Аталанта 0
Идно коло (22.10.2019 год.): Манчестер сити – Аталанта, Шахтјор Доњецк – Динамо Загреб
Група Д
Јувентус – Баер Леверкузен 3:0
Локомотив Москва – Атлетико Мадрид 0:2
Табела: Јувентус 4, Атлетико Мадрид 4, Локомотив Москва 3, Баер Леверкузен 0
Идно коло (22.10.2019 год.): Јувентус – Локомотив Москва, Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен