НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црвено-црно дерби без голови: Вардар на крилја на Гачевски понесе бод од Тетово

0
By Нова ТВ on October 5, 2019 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фудбалерите на Вардар ќе бидат лидери во домашниот шампионат за време на двонеделната пауза за репрезентативни активности. „Црвено-црното“ дерби во рамки на деветтата прволигашка рунда заврши 0:0, а еден од најзаслужните за освоениот бод на вардарци беше голманот Филип Гачевски кој не дозволи да биде совладан по нападите и заканите на тетовци.

Со ремито под Шара, Вардар го задржа првото место на табелата, но сега со два бода повеќе од Академија Пандев на втората позиција. Струмичани на стадионот „Младост“ ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со Силекс и славеа со 2:0. Резулатот го отвори репрезентативецот Љупче Дориев во 38. минута, трите бода ги потврди Ѓорѓи Стоилов по ударот од белата точка во 70. минута.

Најефикасно беше на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес каде Борец ја совлада Струга Трим Лум со 3:2. Христијан Драгарски во 29. минута, Симеон Христов во 41. минута и Никола Прелчец во 57. минута се погрижија за втора победа за велешани во сезоната, двоен стрелец за гостинската екипа беше Христијан Кировски во 5. и во 42. минута.

Со идентичен исход како во Тетово (0:0) заврши и пресметката меѓу Македонија и Шкупи во Ѓорче Петров, а Работнички со автоголот на Ненад Мишковски, вчера попладне, освои три бода во натпреварот со Ренова.

Прва лига, 9 коло

Шкендија – Вардар 0:0

Академија Пандев – Силекс 2:0

Македонија Ѓ.П. – Шкупи 0:0

Борец – Струга Трим Лум 3:2

Работнички – Ренова 1:0

Табела: Вардар 20, Академија Пандев 18, Македонија Ѓорче Петров 15, Шкупи 13, Ренова 13, Шкендија 11, Работнички 10, Силекс 9, Струга Трим Лум 8, Борец 8.

Вардар Прва лига фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.