НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за ЕП 2020: Македонија на се или ништо против Словенија

0
By Нова ТВ on October 10, 2019 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фудбалските репрезентации на Македонија и на Словенија, вечерва (20.45 ч.) на националната арена „Тоше Проески“ во шеста меѓусебна пресметка, втора за бодови и најзначајна досега. По трите победи на „црвено-жолтите“ (4:1, 2:0 и 3:2) и поразот во Копер (0:1) во пријателски мечеви и мартовското реми (1:1), на ред е реваншот во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Разликата меѓу двете селекции на табелата во групата Г е само три бода во корист на составот на Матјаж Кек, па затоа и силната мотивираност и желба за победа кај момците на Игор Ангеловски за внесување на дополнителна неизвесност за завршницата на циклусот.

„Ветувам дека ќе изгинеме на терен. Знаеме што носи овој меч и затоа мора да бидеме на ниво. Како што Словенија се надева дека може да заврши како втора во групата, така се надеваме и ние. Свесни сме за квалитет со кој располагаме и не гледам на кој ден од теренот се Словенците во предност“, вели капитенот Горан Пандев.

Селекторот Игор Ангеловски нема може да смета на тројца фудбалери од повиканите за вечерашниот дуел. Енис Барди и Крсте Велкоски отпаднаа поради повреди, Егзон Бејтулаи поради жолти картони. Меѓутоа, за разлика од офанзивниот играч на Леванте и напаѓачот на Сараево, дефанзивецот на Шкендија ќе биде во комбинација за неделното гостување против Полска во Варшава во осмото коло.

„Табелата не нè интересира, овие денови размислувавме само на Словенија и како да победиме. Имаме две отсуства што се проблем за нас меѓутоа подготвени сме за игра и за трите бода што сите ги посакуваме. На терен ќе излезат 11 гладни фудбалери борба во што не се сомневам и силно верувам во нив“, истакна Ангеловски.

По шест одиграни меча во групата Г, Полска е на челната позиција со 13 бода и вечерва (20.45 ч.) важи за апсолутен фаворит во натпреварот со Летонија во Рига. Во рамки на седмото коло, Австрија, во Виена од 20.45 ч., ја дочекува селекцијата на Израел.

Квалификации за ЕП 2020 во фудбал

Група Ц

Белорусија – Естонија (18 ч.)
Холандија – Северна Ирска (20.45 ч.)

Табела: Германија 12 бода, Северна Ирска 12, Холандија 9, Белорусија 3, Естонија 0.

Група Е

Словачка – Велс (20.45 ч.)
Хрватска – Унгарија (20.45 ч.)

Табела: Хрватска 10 бода, Словачка 9, Унгарија 9, Велс 6, Азербејџан 1.

Група Г

Македонија – Словенија (20.45 ч.)
Летонија – Полска (20.45 ч.)
Австрија – Израел (20.45 ч.)

Табела: Полска 13 бода, Словенија 11, Австрија 10, Македонија 8, Израел 8, Летонија 0.

Група И

Казахстан – Кипар (16 ч.)
Русија – Шкотска (20.45 ч.)

Белгија – Сан Марино (20.45 ч.)

Табела: Белгија 18 бода, Русија 15, Казахстан 7, Кипар 7, Шкотска 6, Сан Марино 0.

ЕП 2020 квалификации Македонија Словенија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.