Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас: Каменос посакуваше распад, па дури и инвазија на Северна Македонија

0
By Нова ТВ on October 12, 2019 СВЕТ
Фото: greekreporter.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 12, 2019 13:13

Сите се задоволни со Договорот од Преспа, вели поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервјуто за грчкиот весник „Та неа“, објаснувајќи дека Нова демократија е задоволна, бидејќи е постигнат најдобар можен договор без да има цена, СИРИЗА затоа што гласаше за договор од историско значење.

„Да бидеме искрени, сите се задоволни со Договорот од Преспа. Нова демократија затоа што се постигна најдобар можен договор без да има цена, а СИРИЗА затоа што гласаше за договор од историско значење. Се разбира, некои би посакале да не го постигнев јас договорот. Не е важно. Сите ние што работевме на договорот ѝ служевме на татковината, ја извршивме нашата должност. Имаше цена? – Да! Висока лична цена!“, вели Коѕијас, одговарајќи на прашањето во однос на тоа дали Договорот од Преспа е корисен.

Во интервјуто за викенд изданието на грчкиот весник, Коѕијас ја коментира и политиката на актуелната грчка Влада во однос на Договорот од Преспа и вели дека „реализмот што го откри е добар“.

„Но, овде постои една игра: актуелната Влада не е во можност од политички и морални причини да го следи спроведувањето на договорот. Во пракса не ја интересира, иако е гласна на зборови. Владата на Северна Македонија го сфати тоа и тоа што може не го спроведува. Ова пак ѝ одговара на Нова демократија. Ги осудува прекршувањата што таа ги предизвикува за да може да се повика на нив како изговор за нејзините предизборни преправања“, вели поранешниот шеф на грчката дипломатија и додава дека сега „дојдоа оние кои живеат од проблемите“.

Коѕијас во интервјуто особено го истакнува преземањето на контролата на воздушниот простор на Северна Македонија од грчка страна и потенцира дека „доволно е да се размисли каква ќе беше безбедноста на Грција, доколку Турција ја имаше таа контрола“.

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција коментира дека Договорот од Преспа не е главната причина за поразот на СИРИЗА на европските, локалните и парламентарните избори, а говори и за несогласувањата со Панос Каменос.

„Нападот од негова страна не одведе никаде, само на суд. Можеби имаше некаква обврска. Не знам. Она што е сигурно е дека коалицискиот партнер во Владата не се несогласуваше само со името „Северна Македонија“. Посакуваше нејзино распаѓање, дури и инвазија, но и други неверојатно полоши работи“, вели Коѕијас за „Та Неа“.

Договор од Преспа интервју Никос Коѕијас Нова демократија Панос Каменос Сириза Та неа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.