Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска банка ќе насочи 120 милиони долари за поддршка на пет проекти

0
By Нова ТВ on October 19, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 19, 2019 10:23

Светската банка (СБ) ќе издвои 120 милиони долари за поддршка и финансирање на пет проекти во Северна Македонија, со кои ќе се подобри локалната инфраструктурата, ќе се модернизира пензискиот сектор и земјоделството, ќе се подобри енергетската ефикасност на јавните институции и ќе се обезбеди пристап до висококвалитетни широкопојасни услуги, соопшти Министерството за финансии.

За сето тоа се разговарало на состанокот меѓу македонската делегација предводена од министерката за финансии, Нина Ангеловска и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска со потпретседателот на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Милер, со директорот на СБ за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и со извршниот директор на Групацијата на СБ за Конституенцата, Кун Дејвитсе, за време на Годишните средби на СБ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон.

„До почетокот на наредната година треба да се потпише Договорот со Светската банка со кој ќе се обезбедат 70 милиони евра за реализацијата на Проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта. Преку Проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта, општините со проекти за локалните делници ќе можат да ги искористуваат средствата за да ја подобрат локалната инфраструктура“, се наведува во соопштението.

Според Министерството, преку Проектот за енергетска ефикасност во вредност од 25 милиони евра ќе се вложува во подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти во општините и на јавните институции.

Преку Проектот за модернизација на земјоделството во вредност од околу 46 милиони евра, од кои 4,5 милиони евра ќе бидат грант средства, ќе се подобри конкурентноста на земјоделскиот сектор преку советодавен едношалтерски систем и земјоделски откупни центри, а истовремено ќе се јакнат и капацитетите за спроведување на ИПАРД. Се очекува договорот за овој проект да биде потпишан со Светската банка на почетокот на 2020 година.

„Во рамки на поддршката што ја дава Светската банка за пензиските реформи влезе и Проектот за модернизација на пензискиот сектор. Со него ќе се модернизира пензиската администрација, ќе се воспостави единствен регистар на социјално осигурување, ќе се зајакне системот на вработување и професионална рехабилитација на лицата со инвалидност. Се очекува проектот да биде потпишан на почетокот на следната година“, се додава во соопштението.

До средината на следната година треба да биде потпишан и договор со Светската банка за финансирање на проектот „Дигитална Македонија“ во износ од 30 милиони евра, со кој ќе се овозможи пристап до висококвалитетни широкопојасни услуги.

Министерката за финансии и потпретседателот на Светска банка го потпишале договорот ДПЛ за поддршка на развојните политики во јавните финансии, реформи во подобрување на управувањето и транспарентноста на јавните финансии и поефикасна јавна потрошувачка, особено за социјалната заштита, реформи во енергетика преку либерализација на енергетскиот сектор и зајакнување на обновливи извори на енергија во насока на постигнување долгорочен раст.

Вашингтон Македонија Нина Ангеловска Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.