Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Политико“: Лидерите на ЕУ лути за ветото на Макрон за старт на преговорите

0
By Нова ТВ on October 19, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: euobserver.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 19, 2019 10:44

Противењето на францускиот претседател Емануел Макрон за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија ги разлути лидерите на ЕУ, оценува бриселскиот портал „Политико“ во својот осврт на вчера завршениот Европски совет.

Порталот посочува дека некои лидери на ЕУ се обидувале да ги убедат другите да се согласат на старт на преговорите за членство со двете балкански држави, наведувајќи аргументи кои се движеле од стратешката важност на регионот, па до напредокот на кандидатите во решавањето спорови и воспоставувањето на правната држава.

Тие предупредуваа дека одбивањето на почетокот на преговарачкиот процес со двете земји ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ и дека од таквата состојба полза ќе имаат „ривалските сили на Балканот“, како Кина, Русија, Турција и Саудиска Арабија, наведува Политико.

„Ваквиот исход беше особено негативен за Северна Македонија, на која уште пред 10 години Европската комисија и ја даде првата препорака за преговори за членство. Со години европскиот пат на земјата, која се нарекуваше Македонија, беше блокиран од Грција, која тврдеше дека нејзиното името имплицира неоправдани претензии кон грчката територија и културно наследство. Откако во Скопје на власт дојде новата Влада, земјата постигна договор со Атина, кој опфаќаше и промена на името. Но, со конечно надминување на грчките приговори, земјата сега наиде на блокада од друга земја членка на Унијата, Франција“, се додава во анализата.

„Политико“ тврди дека Германија, која била меѓу 25-те земји членки кои биле за започнување преговори за членство и со Северна Македонија и со Албанија, се обидела, но не успеала да ја убеди Франција да се предомисли.

„На крајот, единствената работа за која лидерите можеа едногласно да се договорат за ова прашање беше една реченица: „Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за проширување пред самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб во мај 2020 година“, наведува порталот.

Сепак, според „Политико“, некои аналитичари сметаат дека ова прашање би можело да се најде на агендата на следниот редовен Самит на ЕУ во декември, идеја што ја подржува и идниот претседател на Европскиот совет и актуелен белгиски премиер Шарл Мишел. Но, смета порталот, тоа би можело да биде прерано за да се очекува реална перспектива за каква било промена во францускиот став.

„Некои дипломати велат дека голем дел од отпорот на Макрон е поврзан со стравувањата дека темата би можела да ја искористи екстремната десница и тие очекуваат позицијата на Франција да омекне по локалните избори во март следната година“, се додава во текстот.

„Политико“ на крајот пренесува став на дипломат кој оценува дека ако Франција остане на сегашната позиција, Северна Македонија и Албанија „би можеле да станат Швајцарија и натаму да не добијат зелено светло за старт на преговорите.

анализа Емануел Макрон ЕУ самит Политико Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.