Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Обвинителството треба да отвори истрага за креаторите на случајот „Пуч“

0
By Нова ТВ on October 25, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 25, 2019 14:58

Премиерот Зоран Заев го повика Јавното обвинителство по допрен глас да истражи кој го пишувал обвинението за „Пуч“ во кое беа обвинети тој како лидер на опозицијата, Зоран Верушевски и неговата сопруга, свирачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски и Бранко Палифров од Струмица.

„Ако немало допрен глас досега, нека допре мојот глас сега до нив. Во тоа време, наместо Јавното обвинителство да го истражи ваквото незаконско прислушување, кршење на човековите права, тоа Јавно обвинителство се стави во функција на политиката, која во тоа време ја водеше извршната власт под раководство на Никола Груевски, го формира „Пуч“ за да може мене, господинот Верушевски, неговата сопруга, господинот Бранко Палифров, Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, да нè гонат, а веројатно трагаа по планината и по децата на семејството Верушевски, конструирајќи монструозност“, рече Заев одговорајќи на новинарско прашање по сведочењето за„Таргет – Тврдина“.

Заев очекува дека некој обвинител ќе покрене истрага и ќе открие кој се бил вклучен во „Пуч“.

Предметот „Пуч„ Обвинителството го покрена по обелоденувањето на аферата со прислушуваните разговори, а по прес конференцијата на Груевски на која тој обвини дека „прислушувале странски служби преку домашни агенти“.

Верушевски, неговата сопруга и Ѓорѓи Лазаревски беа обвинети за шпионажа, Заев кој беше четвртообвинет во случајот беше обвинет за насилство спрема претставници од највисоки државни органи, за што исто така беше обвинет и петообвинетиот Палифров. На сите им беше одреден притвор, освен на Заев, кому му беше одземен пасошот. Притворот им беше укинат по 6 месеци, односно во декември 2015 година.

Ретроспектива на случајот „Пуч“: Долгите денови на Груевски и Заев

Судијката во „Пуч“: Ако Заев не се појави на суд, ќе го приведам стражарно

Обвинителството постапуваше по пријава од МВР, а тогашната министерка образложувајќи го делото во интервју на Сител изјави дека Заев се товари за делото насилство врз највисоки претставници на државни институции.

„Ова лице во четири наврати на негово барање остварил средба со претседателот на Владата на Република Македонија од септември до ноември и на тие средби, заканувајќи се со обелоденување на информации кои може да нанесат штета на поединци на високи државни позиции, настојувал да издејствува промена на составот на Владата на Република Македонија надвор од демократски предвидените процедури и предвремени парламентарни избори, рече Јанкулоска на 31 јануари 2015 година.

Јанкулоска: За прв пат обид за државен пуч, задоволни сме од доказите

По една година, Специјалното јавно обвинителство го повлече обвинението за „Пуч“ затоа што „обвинителниот акт е во спротивност со доказите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“’.

Заев дури вчера беше повикан да сведочи во „Таргет – Тврдина“. Тој кажа дека четири пати се видел со Груевски за да го убеди дека поседува прислушувани разговори.

„На овие средби му пренесов дел од разговорите за да му докажам дека ги поседувам. Содржината на тој разговор ја знаеше само тој и оној со кого разговара, а беше за тоа како тајно купува плац на Водно“, рече Заев на сведочењето за Таргет – Тврдина за незаконското прислушување, во кој се обвинети Мијалков, Јнакулоска, Јакимовски и други вработени лица во УБК.

Четири години по првата „бомба“ Заев сведочеше за масовното прислушување

Во своето сведочење Заев, исто така,  рече дека се прислушувало во МВР – односно во Управата за безбедност и контраразунавање, а дека материјалите од прислушувањето ги добивал тогашниот премиер Никола Груевски.

„И на децата им е јасно кој прислушувал – тоа е веќе докажано само треба да се изрече пресудата. Тоа е докажано, не само со мојот исказ, туку имаше и вештачење, а има и други процеси и никој не ја спори автентичноста на разговорите. Конзумент бил Никола Груевски, тоа е јасно од анализите, синтезите кои биле правени за негова конзумација, но секако одговорен е министерот  за внатрешни работи, директорот на УБК, оние двајца кои побегнаа сите кои правале незаконски дејствија“, рече Заев пред Судот.

Тој кажа дека нема да бара оштета од државата. Зоран Верушевски кој исто така сведочеше во Таргет – Тврдина во судница кажа дека веќе се води постапка за утврдување на материјална штета поради времето што го поминале во притвор тој и неговата сопруга за обвинение кое беше повлечено. Постапката се води во Граѓанскиот Суд.

Судењето за Таргет – Тврдина продолжува на 22 ноември со сослушување на сведоци.

Верушевски Заев пуч Трагет Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.