НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трилатерална лидерска средба: Заев, Вучиќ и Рама утре во Охрид

0
By Нова ТВ on November 9, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев е домаќин на трилатералната работна средба на лидерите на Западен Балкан што утре ќе се одржи во Охрид. На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама.

Агендата предвидува во Охрид да се одржи работен состанок на кој покрај тројцата лидери ќе учествуваат и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.

По средбата ќе следи пленарна сесија на лидерите од Западен Балкан со претставници на меѓународни организации и институции, меѓу кои, Европска банка за обнова и развој, Регионален совет за соработка, Европска комисија, Светска банка и Европска инвестициона банка. По работните состаноци најавена е прес-конференција на лидерите на Западен Балкан.

Во врска со средбата преземени се активности за сообраќајно и физичко обезбедување на сообраќајниците, така што во координација на полицијата со субјектите одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со Јавните претпријатија, се отстрануваат сите паркирани возила од дел од сообраќајниците во градот што водат кон хотелот каде ќе се одржуваат средбите. За време на одржувањето на состаноците целосно ќе биде забрането запирање и паркирање возила на паркинг-местата на потегот булевар „Туристичка“ – „АСНОМ“ – Кеј „Македонија“, како и на улицата „Партизанска“ до крстосницата со „Јане Сандански“.

Александар Вучиќ Еди Рама Зоран Заев Охрид средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.