Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Казни во Челзи: Доцнење на состанок – 500 фунти по минута, на тренинг – 20.000 фунти

0
By Нова ТВ on November 13, 2019 СПОРТ
Фото: talksport.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 13, 2019 21:29

Општо познато е дека фудбалерите заработуваат пари од кои боли глава. Чести се вестите за разноразни луксузирања, скапи хотели, автомобили, куќи, станови, вили итн. Една од потврдите за нивните богати догвори во кои неретко се вклучени и бизарни клаузули се и казните што ги плаќаат за недисциплината и непридржување кон „куќниот ред“.

Таков пример доаѓа од Лондон, поточно, од соблекувалната на Челзи во која Френк Лампард закачи „ценовник“ за непочитување на правилата на однесување и сумата што паѓа на товар на поединец при прекршување на правило на игра. Најскапо е доцнењето на тренинг за што се одбиваат 20.000 фунти од плата. 

Втора највисока казна (10.000 фунти) е за непријавување на болест, настинка или повреда пред слободниот ден или најдоцна до час и пол до наредниот тренинг. Оној кој ќе реши да не се врати со тимот по натпревар, а притоа не го известил менаџерот ќе биде „полесен“ за 5.000 фунти. Казна од 2.500 фунти е пропишана за доцнење на собирите на ден на натпревар, но и за доцнење на лекарски третман. Доцнење на клупски состанок чини скромни 500 фунти, меѓутоа по минута.

Лампард, кој ужива статус на легенда на „Стемфорд Бриџ“, се врати меѓу лондонските „сини“ летоска и повеќе од добро му оди засега во дебитантската сезона како нивни менаџер. По 12 кола во Премиерлигата, Челзи го дели второто место со Лестер со 26 бода, осум помалку од лидерот Ливерпул кој сè уште е без пораз. Покрај тоа, екипата е во игра и за осминафинале во Лигата на шампиони преку групата Х во која досега собраа вкупно 7 бода колку и Валенсија и Ајакс.

казни Френк Лампард фудбал Ценовник Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.