Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маки бегалски: Барателите на азил на грчките острови изгубија надеж и потреба да живеат

0
By Нова ТВ on November 23, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 23, 2019 11:01

Ситуацијата со бегалците на грчките острови е трагична, можеби полоша од најлошите места во светот, а луѓето дури ја изгубија и надежта и потребата да живеат, вели меѓународниот директор на невладината организација „Доктори без Граници“ (МСФ), Христос Христу во разговор за МИА.

„Трагична е ситуацијата на островите. За нештата да бидат уште потрагични, не се само лошите и би рекол нехумани услови во кои живеат, не се само многубројните и нови пречки што излегуваат пред нив, во врска со пристап до здравствените служби, во процесот за азил, па дури и во едноставните секојдневни услови за живот. Она што ја прави ситуацијата уште полоша е нивното психичко здравје кое што стигна до крајна точка. Гледам празни погледи на деца и луѓе кои ја изгубија дури и надежта и потребата да живеат“, вели меѓународниот директор на „Доктори без Граници“.

Тој објаснува дека немаат конкретни податоци околу тоа колку бегалци и мигранти и понатаму ја користат, сега веќе затворената балканска рута, но низ која преку нелегални премини, сепак, постои раздвиженост.

„Доктори без граници паралелно со Грција, имаат развиено проекти и програми во БиХ и во Србија со цел да ја следиме т.н. „балканска рута“ на луѓето. Знаеме дека постои движење на луѓето, кои секако се соочени со различен вид на предизвици од оние кои што јас ги видов на островите“, вели Христу.

Меѓународниот директор на „Доктори без Граници“, одржа прес-конференција во Здружението на странски дописници во Грција по повод посетата на „Доктори без граници“ на Самос и Лезбос и за да ја пренесе сликата и нивното искуство од прифатните центри на овие грчки острови. Тој вели дека условите во кои што живеат бегалците и барателите на азил се толку лоши што на Самос дури немаат ни вода за пиење, а некои доаѓаат со надеж дека ќе останат кусо, но нивниот престој трае и до три години.

„По речиси четири години од имплементацијата на Договорот ЕУ – Турција, имаме 37.000 луѓе кои живеат во нелегални кампови и целосно го имаат загубено достоинството. Луѓето се заробени во услови што можат да се споредат со најлошите места во кои работат МСФ во целиот свет. Во некои делови од кампот „Морија“, има еден тоалет за 200 луѓе, а на Самос е уште полошо еден за 300 луѓе. Само да ве потсетам дека меѓународните стандарди се еден тоалет за 20 луѓе“, истакна Христу.

Во однос на новата политика на грчката Влада, да ги затвори постоечките кампови и на нивно место да изгради затворени центри, претседателот на „Доктори без граници“, вели дека решението не е да се затворат прифатните пунктови и да се изгради нешто што можеби ќе има подобри услови, кое истовремено може да се претвори во затвор.

На средбата со странските дописници во Грција, меѓународниот директор на „Доктори без Граници“, презентираше и фотографии од импровизираните кампови на Самос и Лезбос, односно шаторите во кои што се сместени бегалците и мигрантите кои живеат, во како што рече, комплетно нехумани услови, апелирајќи дека е потребно оваа „човечка трагедија веднаш да запре“.

И покрај континуираните префрлања на барателите на азил од островите во други делови на Грција, бројот на бегалци и мигранти на Лезбос, Хиос, Самос, Лерос и Кос и понатаму е екстремно висок. Добрите временски услови се особено „поволни“ за криумчарите, па секојдневно има нови пристигнувања на мигранти.

Од понеделникот до четвртокот, за само четири дена, според официјалните податоци од грчката Влада пристигнале 1.807 бегалци и мигранти, а само 391 биле пренесени од островите во други делови на земјата. Заклучно со 21 ноември 2019, на грчките острови во источниот дел на Егејското Море престојуваат 38.479 бегалци и мигранти, најголемиот број од нив – 18.163 се на Лезбос, а 15.946 се сместени во кампот Морија, кој има капацитет да прими 2.840 лица.

азил бегалци Грција кампови услови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.