НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска предлага анонимно поднесување на амандмани: Важна е содржината, а не партијата

0
By Нова ТВ on December 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за финансии, Нина Ангеловска на комисиската расправа за Буџетот за 2020 година предложи промена на процесот на доставување амандмани, односно да се искористи технологијата и истите да се предлагаат анонимно. На тврдењето на дел од пратениците на опозицијата дека амандманите не се прифаќаат бидејќи доаѓаат од опозицијата, министерката одговори дека единствена основа врз која се предлага или одбива амандманот е квалитетот на предлогот, затоа таа предложи во иднина амандманите да се предлагаат анонимно.

„Треба да се гледа содржината на амандманот, а не од која партија е поднесен. Затоа амандманите за буџетот треба да се предлагаат анонимно и решенијата да бидат детално објаснети и поткрепени со анализа и бројки. За да не се политизира моментот дали амандманот бил прифатен или одбиен во зависност од предлагачот, предлагам да има анонимност при поднесување на амандманите и да не се знае кој амандман од кого е поднесен. A тоа технологијата денес ни го овозможува. Секое добро и издржано решение се прифаќа, без разлика од која политичка партија доаѓа“, рече Ангеловска и посочи дека кај ребалансот на буџетот за 2019 година, третина од прифатените амандмани биле од опозицијата.

Министерката за финансии го прифати амандманот на пратеничките Маја Морачанин и Љиљана Поповска за обезбедување средства за акредитација на централна лабораторија и нови инструменти за мерни станици за мерење на аерозагадување.

„Овој амандман ќе биде прифатен видоизменет. Ќе бидат обезбедени средства во износ од 5 милиони денари. Сите тука го разбравме значењето на оваа лабораторија и нејзината улога во борбата против аерозагадувањето“, рече министерката Ангеловска.

Ангеловска посочи и дека е клучно да се предлагаат издржани решенија со реални суми. Таа истакна дека има повеќе амандмани каде се предлагаат нереално мали суми за проекти кои вредат десеткратно повеќе и сумата не кореспондира со реалните потреби. Ангеловска посочи и дека при предлагање на амандманите треба да има и анализа и разработено решение за да може истото да се дискутира. Министерката за финансии рече сите поднесени амандмани за Буџетот за 2020 година се во износ од 26 милијарди денари, од кои 350 амандмани се од опозицијата и се во износ од 23,2 милијарди денари.

буџет Нина Ангеловска расправа Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.