Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туск во интервју за „Гардијан“: Француското „не“ за Македонија и Брегзит големи грешки на ЕУ

0
By Нова ТВ on December 6, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 6, 2019 09:20

Француското „не“ за датум за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Брегзит се едните од најголемите грешки во историјата на Европската унија, оцени Доналд Туск во неговото интервју за „Гардијан“ по напуштање на функцијата претседател на Европскиот совет.

„Мислам дека е направена голема стратешка и политичка грешка. По толку многу напор и пожртвуваност, особено во Скопје“, рече Туск, кој по заминувањето од челното место во Советот на ЕУ беше избран за нов претседател на Европската народна партија, најбројната политичка групација во Европскиот парламент.

Француското „не“ ги натера водачите во регионот да очајуваат, вклучувајќи го и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, кој се спротивстави на националистите за да стави крај на долгиот спор за името со Грција, нагласува „Гардијан“.

Тој неповолно го спореди Макрон со Ангела Меркел, која се залага за интеграција на шесте земји од Западен Балкан.

„Нејзината единствена предност е што секогаш беше подготвена да размислува за Европа како целина. И таа беше подготвена да жртвува некаков внатрешен или национален интерес за да ја заштити Европа како целина. Од друга страна, ако сакаме да го третираме Макрон како иден политички лидер на цела Европа, тогаш ни треба човек еден политичар кој се чувствува одговорен пред ЕУ како целина, а не само за Франција“, истакна Туск во интервјуто за „Гардијан“.

Во интервју за „Гардијан“, Туск вели дека Брегзит е „најтажно искуство“ во петте години од неговиот мандат, во бурен период обележан со кризата на еврозоната во Грција, вжештени дискусии за миграцијата и доаѓањето на власт на Доналд Трамп.

Фото: towardsdatascience.com

Говорејќи за претседателската трка во САД во 2016 година и кампањата за Брегзит, тој рече дека новиот елемент во политиката е „невидена подготвеност да лажеме за речиси се и лагата да се третира како оправдано средство за победа“. Тој рече дека ова „бесрамно“ однесување ќе ги дисквалификува политичарите пред само 10 години.

„Гардијан“ пишува дека Туск смета оти поранешниот британски премиер Дејвид Камерон погрешил со организирањето на референдум на кој „немал шанси да победи“. Туск исто така откри дека утрото по гласањето, тој, сепак, верувал дека одлуката може да биде поништена.

Фото: npr.org

„Мојата намера беше да ја проширам целата дебата во Европа, но и во Велика Британија. Со ова, можеби (секако наивно) се надевав дека резултатот на крајот може да биде различен“, додаде Туск.

Туск го опиша Макрон како „идна надеж на Европа“ и вистински пријател, но рече дека има проблеми со „многу нови идеи и мислења“. Туск исто така се спротивстави на зближувањето на Макрон со Русија, велејќи дека е „дезориентиран“ од овој нов наратив.

Фото: upi.com

„Од друга страна, ако сакаме да го третираме Макрон како иден лидер на цела Европа, политички, тогаш ни треба еден политичар кој се чувствува одговорен пред ЕУ како целина, а не само за Франција“, истакна Туск.

Тој, исто така, рече дека миграцијата е сè уште „најголемиот проблем“ со кој се соочува ЕУ, како резултат на историски голем број луѓе кои бараат азил или работа во Европа. Туск рече дека таа е „моментално нерешлива“, додавајќи: „Оваа нова верзија на миграцијата, нејзината масивност, решеноста на луѓето кои сакаат да дојдат во Европа, е нешто навистина ново, но и постојана ситуација за иднината“, заклучи Туск.

брегзит Гардијан Доналд Туск интервју Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.