НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се шири зараза на конзервативизам меѓу младите

0
By Нова ТВ on December 18, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Младите луѓе во земјава се држат подалеку од политиката. Не зборуваат за политичките случувања, не се информираат, а, сепак, како еден вид контрадикторност во огромен број гласаат на избори. Тие не се задоволни од вклученоста во системот и од начинот на кои се консултирани за важни одлуки, но, сепак, веруваат дека државата ќе биде подобро место за живеење, особено ако земјата стане члена на Европската унија.

Ова се само дел од поентите што ги покажува истражувањето на Вестминстер фондацијата направена во соработка со Младинскиот образовен форум, а со поддршка на британската амбасада.

Тоа е насловено – апатија, оптимизам и разочараност, термини што најдобро го  сублимираат значењето на ставовите на младите луѓе кои провејуваат низ истражувањето, кое практично не кажува ништо ново во однос на нивната желба за билет во еден правец – со оглед на тоа што дури 60 отсто од нив се изјасниле дека размислуваат да си заминат.

Но, она што исто така особено загрижува и делува прилично шокантно се нивните политички вредности по одредени важни општествени прашања кои не соодветствуваат со прогресивните општества кон кои се стремиме. Имено, дури 59 отсто од испитаниците сметаат дека на луѓето со поинаква сексуална определеност припадниците на ЛГБТ заедницата не им е местото во политиката, што, како што беше забележано на конференцијата, претставува исклучително висок процент.

Особено проблематично е и што 35 проценти од целиот примерок се согласуваат дека мажите се подобри политичари од жените. Интересно е дека процентот на жени кои се согласиле со вавиот став не отстапува значајно од процентот на мажите кои размислуваат на тој начин. Подетална културна и социо-политичка анализа заслужува и фактот дека младите во земјава покажале најголема согласност во однос на тоа дека на земјата во која живеат и треба лидер со цврста рака – дури 84 проценти од нив така сметаат.

„Можеме да влеземе во дискусија што значи лидер со цврста рака. И како младите тоа го перцепираат. Во светската литература ваквото прашање се поврзува со авторитарни тенденции. Младите очигледно имаат наклонетост кон таков тип на лидери. И тоа треба да не загрижи како општество“, вели Мартин Галевски, автор на истражувањето.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека 60 отсто од младите би се иселиле. Овој податок и не изненадува ако се имаат предвид и претходните истражувања. Воочлива во овој контекст е разликата според возраста. Најмал е процентот кај младите меѓу 15 и 18 години, а највисок кај оние меѓу 25 и 29 години, што укажува на тоа дека со брза реакција кај најмладата фокусна група може да се намали интензитетот на миграција кај младите. Забележливо е притоа дека процентот на млади луѓе кои не се членови на партии или нивни поддржувачи во поголем процент (двојно повеќе) размислуваат за напуштање на државата, што го отвора прашањето дали членовите се наградени и уживаат некакви привилегии поради кои се задоволни од тоа како си пливаат во својата средина.

Неспорен факт е и дека директна е врската меѓу семејните примања и желбата за иселувања. Тие што се во неповолна финансиска ситуација повеќе размислуваат за иселувањето.

„Речиси 86 отсто од младите кои сметаат дека земјава ќе стане членка на ЕУ не размислуваат да се иселат. Затоа евроинтеграциите во моментот стануваат уште поважни. Тоа е една од главните работи кои треба да се потенцираат во општеството. Побрз почеток на преговорите може да биде една од мерките со кои на краток рок ќе се намали интензитетот на притисокот врз младите луѓе. Оние кои не веруваат дека ќе станеме членка на ЕУ во далеку поголем процент размислуваат за иселување“, појаснува Галевски.

На прашањето дали државата се движи во правилна или погрешна насока, младите се прилично поделени. Најголем дел или 39 проценти сметаат дека државата ниту се движи во погрешна ниту во вистинската насока, 31 процент сметаат дека се движи во правилна насока, а 23 во погрешна. Според просекот само тројца од десет луѓе сметаат дека државата се движи во правилна насока.

Само 3,3 проценти од нив се задоволни од своето место во општеството, а само 1,1 процент од младите сметаат дека општеството нуди перспективи. За 80 отсто од младите перспективите се прилично мали или никакви.

„Половина од младите чувствуваат неизвесност за својата иднина. Овој факт е особено загрижувачки бидејќи ваквиот тип на прашања се тесно поврзани со желбата за иселување. Од друга страна само еден од десет млади луѓе се чувствуваат сигурно кога размислуваат за својата иднина“, вели Галевски.

Еден од поинтересните делови на анализата се однесува на прашањето дали вашата земја ќе стане членка на ЕУ. Шеесет проценти од младите сметаат дека земјата ќе стане членка, 28 дека тоа нема да се случи, додека 12 отсто не знаат. Ако ги разградиме според етничката припадност, дури 94 проценти од младите Албанци се убедени дека земјата ќе стане членка, додека ваквиот став во далеку помал процент го делат младите од македонската и останатите етнички заедници.

„Можно е ова да биде поврзано со Преспанскиот договор и како тој влијае на ваквите податоци. Низ годините Албанците имале повисок степен на оптимизам кон евроинтеграциите, но ваква драстична разлика немало“, појаснува Галевски, кој додава дека истражувањето е спроведено пред октомври и одлуката за недобивање датум за почеток на преговорите, што е можно да има влијание на некое идно истражување.

Младите се крајно незадоволни од односот на централната и локалната власт кон нив. Дури сметаат дека тие немаат поим кои се всушност нивните проблеми. Без оглед што сметаат дека не може да влијаат на работата на властите, ниту пак се задоволни од политиката и политичките субјекти, тие во голем процент излегуваат на гласачките кутии. Дури 65 отсто одговориле дека секогаш гласаат на избори, а 20 проценти понекогаш, што е над просекот и за регионот и за Западна Европа.

Младите се прилично пасивни во однос на општествениот ангажман, а како главни тригери кои може да ги покренат во тој дел ги наведуваат невработеноста, сиромаштијата и правдата, а загадувањето и патриотизмот кои често се дел од медиумскиот дискурс не се високо рангирани во перцепцијата на младите луѓе.

Амбасадорката на Велика Британија во земјава Рејчел Галовеј внимателно ги следеше резултати од истражувањето и ги оцени како поразителни.

„Младите се нашата иднина. На нив треба да гледаме како на отворен ум, искреност, социјална одговорност, информираност, глобална поврзаност. Резултатите се разочарувачки. Само три отсто од нив се задоволни од своето место во општеството. Шестмина од десет младу луѓе размислуваат да ја напуштат земјата за подобар стандард. Огромен процент од нив сметаат дека на никој начин не можат да влијаат на состојбите во земјата. Само со инвестирање во младите може државата во иднина да има подобри лидери. Сите институции во земјата треба да ги имаат младите повисоко на својата агенда. Нивната доверба во институциите е ниска. Тука сум да ги охрабрам да се ангажираат општествено да го кренат својот глас. Вие ја обликувате иднината, вие треба да го направите општеството подобро, поотворено, поинклузивно“, рече Галовеј.

Истражувањето е спроведено од 23 до 29 мај во релативно стабилен период со телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1.025 млади лица. Опфатени биле сите осум плански региони во државава.

ЕУ Иселување истражување Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.