Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стразбур е за почеток на преговори пред избори, Владата најави посилни аргументи

0
By Нова ТВ on December 20, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 20, 2019 09:17

Република Северна Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската Унија до одржување на предвремените парламентарни избори побара Мешовиот парламентарен комитет РСМ – ЕУ. Се бара од земјите членки на Унијата да се заложат и да донесат одлука за старт на преговорите најдоцна до состанокот на Советот на Унијата во март 2020 година.

На состанокот што изминатите два дена се одржуваше во Стразбур е оддадено признание на земјава за постигнатите резултати и посочени се областите каде што е потребен напредок. Истакнато е дека Европската комисија останува на својата препорака за старт на преговорите за членство бидејќи земјава ги има исполнето условите, но со забелешка дека ваквиот став „не е статичка категорија и не може да се живее на стара слава“.

Според претседателот на делегацијата на Европскиот парламент во Комитетот, Андреас Шедер, Унијата има историска улога „да им дозволи на младите генерации од Северна Македонија да станат полноправни членови на ЕУ, бидејќи една генерација е веќе загубена“.

„Нема друга алтернатива“, истакна Шедер на заседанието на Мешовитиот парламентарен комитет.

Шефот на Одделот за Северна Македонија во Директоратот за европска соседска политика и преговори за проширување, Дејвид Кулен смета дека „не треба да се измислува топла вода“, туку да се спроведат донесените закони кои се во согласност со стандардите на ЕУ, а меѓу приоритетите на Собранието треба да биде донесувањето на законот за интеграцијата на СЈО во ОЈО.

Власта во земјава останува силен поддржувач на евроинтеграциските процеси и тоа вчера на новиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Верхеји лично му го пренел премиерот Зоран Заев.

На средбата одржана на маргините на Самитот на Централноевропската иницијатива во Рим, премиерот порачал дека земјава ќе испорача уште повеќе аргументи до Европската комисија и до сите земји членки на ЕУ, одложената позитивна одлука да дојде колку што е можно поскоро за да биде исправена грешката од Самитот на Европскиот совет во октомври.

Ваквите најави, според Верхеји, се значајни, а тој очекува и вклучување и поддршка од сите политички фактори во земјава, вклучувајќи ја и опозицијата, особено при донесувањето на законот за јавното обвинителство. Верхеји, како што вчера пренесе владината прес-служба, најавил и посета на земјава и засилен ангажман од целата Европска комисија за да се потврди определбата за забрзани перспективи за проширување и јасна економска корист за земјите и граѓаните од Западен Балкан.

Препораките на Мешовитиот парламентарен комитет усогласени по дводневниот состанок ќе бидат испратени до Европарламентот, Советот на Европската Унија и Европската комисија, како и до Собранието и Владата во земјава.

ЕУ Македонија Преговир членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.