Жителите на југоистоќниот дел на Австралија масовно се исселуваат од подрачјата во кои беснеат пожари, додека небото над тој дел од земјата е „крваво“, пренесува „Си-Ен-Ен“. Во евакуацијата на луѓето е вклучена и австралиската Кралска морнарица. Пожарникарите, пак, кои се борат со огнената стихија на терен, го опишуваат денот како „еден од најлошите во во историјата“.

Градот Памбула е целосно празен, улиците се празни и полни со густ чад, а над нив се надвиснува апокалиптично и нестварно црвено небо. Црвено небо е надвиснато и над Еден, град оддалечен 30 километри јужно од Памбула. Стотина негови жители, според упатствата на полицијата, прибежиште побараа на плажите. Информациите засега укажуваат на уништување на бројни куќи и имот, но се стравува и од можни смртни случаи.

Низ Австралија моментно беснеат 146 пожари од кои дури 65 не се под контрола. Во борба со пламените јазли учествуваат околу 2,700 пожарникари. Протипожарните служби пријавија голем број на уништени куќи во саботата и за смрт на 47 годишен маж како последица на инфаркт додека помагал во гасење на куќа на негов пријател. Тој е 24-то лице што официјално го загуби животот во пожарите.
Во болница завршија бројни пожарникари поради проблеми со дишење, исцрпеност, изгореници, итн.