Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Осуда за секој вид говор на омраза и антисемитизам или што може така да се толкува

0
By Нова ТВ on January 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 8, 2020 08:31

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев повика на воздржаност од употреба на навредлива содржина на социјалните мрежи, што не смее да биде прифатливо за било кое демократско општество, какво што и нашето е.

„Пред да започнат предизборните кампањи, ги повикувам членовите и приврзаниците на сите политички партии, вклучително и на мојата СДСМ, како и сите функционери, да бидат одговорни во јавната комуникација, да избегнуваат и да отфрлаат говор кој содржи или може да поттикнува навреди и клевети и секогаш да иницираат суштински дебати по однос на важните прашања“, напиша Заев на Фејсбук.

Тој го повтори ставот на партијата дека е против секаков вид говор на омраза, расизам и ксенофобија во државата.

„Тоа секогаш остро сме го осудувале и ќе го осудуваме без разлика од каде доаѓа таквиот говор. Тоа, секако, се однесува и на говорот кој на каков било начин е антисемитски или така може да се толкува. Ние сме партија предводник на концептот Едно општество за сите – концепт кој ја препознава и признава различноста како водечка сила на нашето општество“, е наведено во пораката на првиот човек на СДСМ на социјалните мрежи.

Тоа го поткрепи со фактот дека македонската техничка Влада има министерка од еврејската заедница што беше на прва прифатена од неговата партија како кандидат на опозициската ВМРО ДПМНЕ, дека има претставници во управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите, а СДСМ има и организационен секретар кој беше раководител во Музејот на холокаустот, е само дополнителен бенефит што го истакнува Заев кон градењето заедничко општество.

Интервју на Мизрахи, партиско знаме и обвинувања за антисемитизам на Смаиловиќ

Првото интервју на техничката министерка за труд и социјална политика (МТСП), Рашела Мизрахи, предизвика бура од реакции во јавноста. Пост на Мерсиха Смаиловиќ на Фејсбук наиде на „бришан простор“ што дел од медиумите го искористија за слободно толкување на напишаното. Па, делот од нејзиниот оригинален коментар „да беше давидова ѕвезда никому ништо“ за секунда се трансформира во „нацистичка порака“ или „порача да си стави давидова ѕвезда“.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј предлог беше Мизрахи за член на техничката Влада, обвини за антисемитизам и побара разрешување на Смаиловиќ од комисијата за труд и социјална политика на СДСМ. Таа, пак, се гледа како цел на медиумска пропаганда во целиот случај и негира дека нејзините ставови биле или ќе бидат антисемитски.

„Медиумската пропаганда против мене и моето семејство, со фабрикување лажни вести и ширење верска и етничка омраза, не стивнува. Вистината е дека моите ставови не се и никогаш нема да бидат во контекст на антисемитизмот, расизмот и ксенофобијата! Сè друго е лага и клевета. Коментарот е сè уште на мојот ѕид во рамките на дискусијата за оправданост на користење на знамиња на етничките заедници, а не на знамињата на политичките партии, и при тоа е многу јасен. Затоа, пред да се поверува на лажните информации, треба да се прочита убаво и да се провери вистината. Борбата со лажните вести доаѓа од нас самите, дали ќе кликнуваме или ќе одлучиме да игнорираме“, напиша Смаиловиќ на својот Фејсбук профил.

Целиот случај почна со коментар на фотографија на Фејсбук што е искористена како илустрација на првото интервју на Мизрахи како министерка за труд и социјална политика. Во позадина се забележува македонското знаме, знамето на НАТО и партиското на ВМРО ДПМНЕ за кое и започнаа преписките на Фејсбук. Симпатизери на владејачката партија со негодување што експресно станало декор во министерскиот кабинет, а самата Мизрахи нагласува дека била интервјуирана во простории на партијата.

„Дозата на сензационализам на која одредени кругови инсистираат е симпатична, дури и кога е неточна. Но, ако ме прашаа ќе им кажев дека интервјуто не е снимано во Министерството, туку во просториите на ВМРО-ДПМНЕ. Секако мислам дека се поважни проблемите за кои говорам, а најважни, решенијата кои заедно ќе ги донесеме“, пишува новата минстерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи на информациите дека во својот кабинет ставиле знаме на ВМРО-ДПМНЕ.

На една од репликите со која се обидува да се влече паралела меѓу албанското знаме во кабинетот на Талат Џафери и на партиското крај Мизрахи, Смаиловиќ со контрареплика:

„Тоа е знамето на албанската заедница во Македонија, а нејзиното е класично партиско. Да беше давидова ѕвезда никому ништо“

Историја на Давидова ѕвезда – за првпат се појавува во 17 век

 

Давидовата ѕвезда, хексаграм или два испреплетени триаголника се симбол на знамето на Израел од 1948 година. За првпат се појавува во 17 век (поточно по битката на Прага во 1648 година), а во 18 век станува и еврејски верски симбол.

Фото: nationalww2museum.org

Давидовата ѕвезда, исто така, е симбол и на Холокаустот и стигматизацијата Евреите за време на Втората светска војна во која биле принудувани од нацистите да носат жолти ѕвезди со цел нивно издвојување и исклучување од општеството.

Антисемитизам говор на омраза Зоран Заев Мерсиха Смаиловиќ осуда Рашела Мизрахи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.