Претставничкиот дом на САД денеска ќе гласа по резолуцијата за ограничување на овластувањата на американскиот претседател Доналд Трамп да почне воена акција против Иран, објави спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.
Таа рече дека гласањето ќе се одржи по барање на некои членови на Конгресот кои се загрижени дека администрацијата на Трамп не ја разгледала стратегијата и одлуките за време на брифинзите со пратениците.
Пелоси го изјави ова откако Техеран истрела ракети врз воени бази во Ирак во кои беа распоредени американски трупи, како одговор на убиството на командантот на единицата „Кудс“, Касим Сулејмани во американски воздушен напад во Ирак.
Пелоси во изјавата нагласува дека убиството на Сулејмани извршено од администрацијата на Трамп е закана за американските војници, дипломати и други „под ризик од сериозна ескалација на тензиите со Иран“.