НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ирански власти: Украинскиот „Боинг“ се запалил пред да падне

0
By Нова ТВ on January 9, 2020 СВЕТ
Фото: foxnews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екипажот на украинскиот „боинг 737“ кој вчераутро се урна во Иран воопшто не побарал помош од контролата на летање и се обидел да се врати на аеродромот во Техеран пред да се урне. Иранските власти се сомневаат во технички проблем на леталото и тврдат дека се случил неочекуван проблем по полетувањето од аеродромот „Имам Хомеини“ што според нив е причина за смртта на сите 176 патници и членови на екипажот.

Иранскиот министер за транспорт Мохамед Еслами изјави дека во прашање е технички дефект и ги отфрли шпекулациите за нешто сомнително во несреќата.

„Авионот се запалил поради технички дефект кој довел до несреќата“, тврди Еслами.

Очевидци, вклучително и екипаж на друг авион кој минувал во близина, велат дека од авионот се гледале пламени јазици. Падот предизвикал голема експлозија затоа што бил полн со гориво за долгиот лет до Киев, Украина. Иранските власти ги пронајдоа двете „црни кутии“, кои содржат податоци и снимки од комуникациите во кокпитот на леталото, иако тие биле делумно оштетени.

На летот до Украина се превезувале 167 патници и девет членови на екипажот од неколку држави, меѓу нив 82 Иранци, најмалку 63 Канаѓани и 11 Украинци. Голем дел од патниците биле студенти од универзитети во Канада кои се враќале во Торонто преку Киев.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека 138 патници требало да се вратат во неговата земја. Знамето над парламентот во Отава е спуштено на половина копје, а Трудо најави дека несреќата ќе се истражи до крај.

Украинските власти првично се согласија со своите ирански колеги дека авионот паднал поради механички проблем, но подоцна го повлекоа тој став и одбија да го објаснат тоа, се додека трае истрагата. Иако причините за несреќата сè уште не се познати, новата трагедија може дополнително да го наруши имиџот на „Боинг“ кој веќе се соочи со жестоки критики поради проблеми со поновиот модел на „737“, откако две летала од најновиот модел имаа несреќи.

авион Иран несреќа Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.