Македонските ракометари попладнево во Виена ќе се обидат да ја искористат првата меч топка за трансфер во топ 12 фазата на 14. Европско првенство. Противник е репрезентацијата на Чешка за која, пак, настапот е „да се биде или не“ по поразот (29:32) во воведното коло од Австрија.
Натпреварот во „Винер Штадхале“ е со почеток во 16 часот со пренос на ТВ Телма. Македонија во мечот ќе влезат со два бода по триумфот над Украина на стартот на турнирот со 26:25.
ЕП 2020 – денеска играат
Група Б (Виена)
Чешка – Македонија (16 ч.)
Австрија – Украина (18.15 ч.)
Група Д (Трондхајм)
Португалија – БиХ (16 ч.)
Франција – Норвешка (18.15 ч.)
Група Ф (Гетеборг)
Швајцарија – Полска (16 ч.)
Шведска – Словенија (18.15 ч.)