Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црна Гора повторно на нозе: Нови протести против Законот за слобода на вероисповед

0
By Нова ТВ on January 17, 2020 СВЕТ
Фото: voanews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 17, 2020 09:02

Илјадници верници на Српската православна црква (СПЦ) и граѓани синоќа протестираа во повеќе црногорски градови против Законот за слобода на вероисповед. Литијата во Тиват ја предводеше Митрополитот црногорско-приморски, Амфилохие кој повторно побара повлекување на Законот.

„Нека падне овој закон за беззаконие или нека падне владата што го донесе“, истакна Амфилохие.

Литии во знак на протест поради Законот се одржаа и во Подгорица, во Пљевла, во Никшиќ, во Жабљак, во Бар, во Плужина, во Беране и во Бело Поле.

Законот за слобода на вероисповед беше усвоен на крајот на минатата година што беше причина за немири и во црногорскиот Парламентот. Притоа беа уапсени 18 членови на просрпскиот опозициски сојуз, а против тројца беа покренати кривични пријави. Оттогаш илјадници луѓе протестираат, како во Црна Гора, така и во Србија и Република Српска.

Фото: dw.com

Најспорна одредба во законот се однесува на проверка на сопственоста на верските објекти. Законот предвидува дека верските објекти кои се изградени од јавни приходи на државата до 1 декември 1918 година, ќе станат државен имот, освен ако не постојат докази за сопственост на верската заедница на оние објекти што денес ги користат или се регистрирани како сопственици.

Со тоа црквите во Црна Гора мора да приложат доказ за сопственост над зградите и земјиштето што го поседувале пред 1918 година, а во спротивно им се заканува експропријација. На СПЦ ќе и биде тешко да даде докази за сопственоста на голем број стари имоти, бидејќи модерните катастри во регионот воглавно се воведени по 1918 година.

Вероисповед закон протести Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026Updated:July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

ВЕСТИ July 2, 2026

Во тешки руски воздушен напад врз Киев и други украински градови синоќа загинаа најмалку осум…

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026
ТИКЕР

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.