НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Си Џинпинг: Корона-вирусот е ѓавол што ќе го победиме

0
By Нова ТВ on January 29, 2020 СВЕТ
Фото: supchina.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Си Џинпинг е сигурен дека Кина ќе го порази корона-вирусот кој досега однесе 106 животи, зарази над 4.000 лица, се прошири низ светот и ги растресе финансиските пазари. Но, и покрај неговата убеденост, меѓународниот аларм е се посилен, па Владите од Франција до Јапонија почнуваат да организираат евакуации, пренесуваат светските агенции. Властите во Хонг Конг, каде се месеци траат протести, планираат да ги прекинат железничките и траектни врски со континентална Кина.

Американската амбасада во Пекинг сооопшти дека персоналот од конзулатот во Вухан, град во централна Кина со 11 милиони жители во кој изби епидемијата, денеска ќе биде евакуиран со чартер лет. Европската унија ќе испрати два авиона за евакуација на најмалку 350 здрави лица на ЕУ од Вухан, соопшти Европската комисија. Првиот авион по 250 француски државјани треба да полета денеска од Париз.

Фото: voanews.com

Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера во Пекинг оствари средба со генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус, по која соопшти дека Кинезите во моментот сериозно се борат со епидемијата.

„Вирусот е ѓавол и не може да му дозволиме да се сокрие. Кина ќе ја засили меѓународната соработка и го поздравува учеството на СЗО во првенција од вирусот. Кина е сигурна дека ќе победи во оваа борба. Безбедноста и здравјето на луѓето се најважни, затоа контролата на ширењето на вирусот е наша основна задача во моментот“, рече кинескиот претседател.

Агенцијата „Ројтерс“ наведува дека инвеститорите се загрижени за влијанието врз втората светска економија по големина по забраната за патувања и продолжението на кинеските новогодишни празници. Вредноста на акциите во светот е во надолен тренд, кинескиот јуан е најслаб од почетокот на годината додека цената на нафтата е најниска во последните три месеци.

Фото: thejakartapost.com

Корона-вирусот кој е сличен на грипот се прошири низ светот, но ниту еден од 106 досега регистрирани смртни случаи не е надвор од Кина. Најновиот потврден случај на зараза доаѓа од германската покраина Баварија, што е четврти засега во Европа. Заразен е маж кој вирусот го добил од негова колешка од Кина која дошла во посети. Таа, наводно, немала симптоми додека не се вратила во Кина.

Јапонските власти соопштија дека регистрирале случај на коронавирус кај возач на автобус кој во текот на месецот превезувал туристи од Вухан.

Фото: qz.com

Бројот на заразени во Кина се зголеми на околу 4.800 лица за разлика од 2.835 колку што беа евидентирани во претходните денови. Корона-вирусот, познат како „2019-нЦоВ“, може да предизвика воспаление на градите и други респираторни инфекции се пренесува од човек на човек преку кашлање и кивање, а периодот на инкубација трае 14 дена.

Кина Корона-вирус Си Џинпинг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.