НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И личности кои не се дел од СДСМ може да се самокандидираат на пратеничките листи

0
By Нова ТВ on February 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Социјалдемократите ја почнаа постапката за самокандидирање и номинирање на кандидати за пратеници која треба да заврши околу 12 март. Генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски изјави дека партијата дава можност за самокандидирање и на личности кои не се дел од неа.

„СДСМ е отворена партија! Даваме можност за самокандидирање и на личности кои не се дел од СДСМ, а се докажани индивидуи, кредибилни и препознаени во средината, кои ги поддржуваат нашите политики и имаат идеи да ги надградуваат нашите политики. Ве повикувам, сите професионалци, чесни и угледни индивидуи, кои споделувате социјалдемократските вредности, и кои имате порив и определба да направите добро за својата земја, веќе од 7 февруари да доставите кандидатура за пратеник или пратеничка. Програмата на СДСМ носи храбри решенија, приклучете се. На нашите кандидатски листи младите ќе бидат застапени со 30 отсто, а за првпат ќе воведеме целосна родова рамноправност од 50 отсто жени и 50 отсто мажи“, посочува Николовски.

Кандидатските листи за пратеници треба да бидат доставени во ДИК околу средината на март (25 дена пред изборите кои ќе се спроведат по скратени рокови). На 30 јануари Централниот одбор на СДСМ ја утврди процедурата за самокандидирање и за предлагање кандидати за пратеници. Постапката почнува од партиската база, поточно од месните и од општинските организации на СДСМ. Конечниот распоред на листите за пратеници, според најави од партискиот врв, ќе се знае околу 12 март, кога ќе заседава и конгресот на СДСМ.

кандидати листи Љупчо Николовски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.