НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нема распуштање на Собранието сè додека не се донесе законот за ЈО

0
By Нова ТВ on February 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по денешното рочиште за случајот „Монструм“ каде даде свој исказ во улога на сведок, посочи дека доколку не се донесе решение за законот за Јавно обвнителство, Собранието нема да се распушти, но тоа нема да ги одложи предвремените избори. Според него, разговорите мора да продолжат и да се донесе решение, бидејќи законот има исклучителна важност.

„Ако опозицијата се обидува да го минира законот за ЈО, Собранието нема да се распушти. Одложување на изборите сигурно нема. На 12 април се изборите, убаво е да се случи распуштањето на парламентот како што тоа го наведува законот“, рече Заев.

Најавената денешна заедничка средба на парламентарните групи за законот за јавно обвинителство нема да се одржи, поради отсуство на претставниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката за правда, Рената Дескоска во текот на денот има одвоени средби со партиите кои имаат амандмани за законот. Пратениците од помалите партии со министерката Дескоска треба да ги изнесат забелешките и да се договорат околу конечниот предлог-текст на законот. Преговорите на Дескоска со помалите партии претставуваат обид да се обезбеди мнозинство од 80 пратеници со цел законот да се донесе до распуштање на Собранието на 12 февруари. Се очекува законот најдоцна до задутре да биде доставен до Собранието, за да се гласа до неговото распуштање.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска сподели статус на својот фејсбук профил каде што вели дека Обвинителството молчи за крупни случаи кои се поврзуваат со криминал, додека власта пробува да турка закон пред изборите, чиј вистински интерес е да се заштити по изборите од одговорност. За ВМРО-ДПМНЕ, како што вели Мицкоски, прифатливо е законско решение кое ќе го изработат и ќе произлезе од самата експертска јавност која беше вклучена во јавната дебата за законот за јавното обвинителство.

„Борбата против криминалот не смее да дозволиме да биде заглавена помеѓу суетите на пар министри и стравот на поранешниот премиер Заев дека ќе мора да се соочи со одговорност. Потребно е квалитетно законско решение а не онакво какво што власта турка на мала врата на само недела ипол пред распуштање на Парламентот. Затоа за ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се робува на суетата на одредени министри и стравот на Заев од одговорност, е прифатливо законско решение кое ќе го изработат и ќе произлезе од самата експертска јавност која беше вклучена во јавната дебата за законот за јавното обвинителство. Да дадеме шанса на професионализмот, знаењето и искуството на експертите и професорите, што ќе биде база за понатамошно усогласување. Да не креираме законско решение за заштита на партиските интереси на поединци, туку решение предложено од експерти кое ќе биде прифатливо за Собранието“, стои во неговиот пост на фејсбук.

Закон за ЈО Зоран Заев распуштање Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.