НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби: Верувам дека имаме двотретинско мнозинство за законот за ЈО

0
By Нова ТВ on February 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собраниската Комисија за европски прашања во рекордно време ја заврши расправата за предлог законот за јавно обвинителство и на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители, без прифаќање на ниту еден амандман. Двата закона се веќе проследени на пленарна седница и сега се е во рацете на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој откако ќе потврди дека има двотретинско мнозинство, за кое се верува дека постои, ќе свика пленарна седница за гласање. Ова го истакна претседателот на Комисијата за европски прашања и пратеник од ДУИ, Артан Груби.

Апсолутно сите барања на ДУИ и на заедницата, како што дополни, се инкорпорирани во двата закона.

„Успеавме да воведеме Бадентер во изборот на сите јавни обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, успеавме да ја вметнеме и целосната еднаква службена употреба на албанскиот јазик во Јавното Обвинителство  и Советот на јавни обвинители, согласно со одлуките пропишани во Законот за употреба на јазиците, како и намалување на критериумите за избор на јавни обвинители при што ќе се обезбеди правична застапеност и на Албанците и на другите етнички заедници во Јавното Обвинителство“, рече Груби.

И самиот изрази верба за постоење на двотретинско мнозинство за гласање на законот за ЈО што го темели врз основа на текот на дебатата во Комисијата за европски прашања и расположението кај пратениците. Груби изрази надеж дека ќе има и друга пленарна седница и оти ќе се усвојат и останатите закони што сега се влезени во процедура.

„Со овие две точки на дневен ред, заедно со уште неколку кои преостануваат во овој мандат, во март или најдоцна во мај да добиеме заслужен датум за отпочнување на преговори за членство во Европската унија“, изјави Груби.

Предлог законот за ЈО помина на Комисијата за европски прашања

Предлог законот за јавно обвинителство помина во матичната собраниска Комисија за европски прашања. Членовите на Комисијата за европски прашања по скратена постапка ги разгледаа Предлог законот за Јавно Обвинителство и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители и одлучија да ги проследат на натамошна постапка, односно тие да одат на пленарна седница.

На текстот на законот за ЈО имаше само еден амандман поднесен од пратеникот Сурија Рушиди, кој министерката за правда Рената Дескоска не го прифати и не беше усвоен од мнозинството во Комисијата. Како што објасни претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби, пратеникот Панчо Минов, иако најавил, сепак не поднел комисиски амандман на законот за ЈО. За законот за ЈО денеска треба да се изјасни и собраниската Законодавно-правна комисија.

Артан Груби Закон за ЈО комисија седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.