Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седум недели по Брегзит: Оставка на министерот за финансии, Џонсон разреши уште четворица

0
By Нова ТВ on February 13, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 13, 2020 15:47

Седум недели по Брегзит и еден месец пред поднесување на годишниот Буџет до Владата, британскиот министер за финансии, Саџид Џавид поднесе оставка. Портпаролот на Министерството ја потврди одлуката на Џавид која доаѓа во период кога премиерот Борис Џонсон започна со реконструкција на својот Кабинет.

Џонсон, кој најави дека ќе формира тим за реализација на неговата визија за Велика Британија по Брегзит, денеска разреши и четворица министри, пишува британскиот весник „Лондон Ивнинг Стандард“.

„Благодарност“ за досегашниот ангажман е искажана на министерот за Северна Ирска, Џулијан Смит што, како што пренесуваат британските медиуми, е изненадувачки потег со оглед на пофалбите што ги доби за неговата улога во решавање на тригодишната криза, период во кој покраината беше без влада и парламент. Како што пренесува „Би-Би-Си“, премиерот Џонсон ги разреши од должност и Андреа Ледсом и Естер Меквеј, министерки за бизнис и за домување, како и министерката за животна средина, Тереза Вилерс. Воедно побарана е оставка и од државниот обвинител Џефри Кокс.

Ова е прва голема реконструкција на Владата на Џонсон по победата на изборите во декември во 2019 година. Покрај направената чистка, тој треба да именува и претседател на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации што ќе се одржи во ноември во Глазгов. Планирањето на настаните започнаа со минатонеделното отпуштање на министерката Клер О’Нил која беше задолжена за организација.

Како што пренесуваат светските агенции, конзервативната администрација на Џонсон сега се соочува со уште еден голем предизвик, бидејќи до крајот на годината треба да постигне трговски договор со ЕУ.

Борис Џонсон брегзит В. Британија оставка откази
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.