НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицискиот Синдикат со апел до МВР да не се меша во дневно политички настани

0
By Нова ТВ on February 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот полициски синдикат (МПС) ги повикува сите раководни структури во МВР на сериозност, професионалност и воздржаност од мешање во дневно политички настани. Притоа ги охрабрува вработените да пријават за секаков притисок и закани по било кој основ, со цел навремено да се реагира за преземање мерки за заштита на нивните права.

„Како синдикат секогаш ќе бидеме на страна на полициските службеници кои чесно и професионално ги извршуваат своите работни задачи, па затоа би сакале да апелираме до сите вработени во МВР да останат имуни на влијанијата од дневно-политички карактер и да бидат доследни на целосно операционализирање на законитоста и законите, како алфа и омега на полициското работење“, велат од МПС.

Акцентирањето на овој сегмент, додаваат, е особено важно периодот, бидејќи претставува основа за спроведување на фер, слободни и демократски избори, што е главна цел заради што во моментот е формирана и работи техничката Влада.

„Потсетуваме дека важечки правен акт донесен во законска процедура од страна на Владата, како што е Одлуката на Владата на РСМ бр.44-1358/1 од 09.02.2020, објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.30/2020 од 09.02.2020 година, не смее да не биде почитуван. Впрочем, и согласно Полицискиот кодекс, припадникот на полицијата, без да стравува од санкции мора да се воздржи од извршување на незаконски наредби кои претставуваат извршување на кривично дело. Сите незадоволни страни, пак, можат да поведат постапка согласно законските процедури пред институциите и ние, како синдикат, им стоиме на располагање“, порачуваат од МПС.

Време е, порачуваат, заеднички да застанеме во заштита на угледот на вработените во Министерството за внатрешни работи и самото Министерство и на тој начин да придонесеме граѓаните да ја прифатат полицијата како сервис на граѓаните.

апел МВР Синдикат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.