Најновиот корона-вирус биланс е 2.619 починати лица и над 79.000 заразени. Надвор од границите на Кина се потврдени 27 смртни случаи, од кои најмногу (8) во Иран и (7) во Јужна Кореја, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Најмногу заразени има во кинеската провинција Хубеи, каде почна да се шири вирусот. Досега се излекувани 24.000 лица.
Надвор од континенталните граници на, најмногу заболени има во Италија – 152, каде што се регистрирани и три смртни случаи.
Поради вирусот, наречен Ковид-19, во Јужна Кореја е одложен почетокот на учебната година, а до крајот на март прекинати се авио-линиите од и кон градот Даегу, каде што е забележан најголем број случаи на заразени.
Уште двајца лекари починаа од Ковид-19
Како последица на корона-вирусот, во Кина починаа уште двајца лекари на возраст меѓу 42 и 55 години. Тие се заразиле со вирусот додека лекувале пациенти во болниците во провинциите Хубеи и Хаинан, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Досега во Кина од коронавирусот починаа најмалку десет лекари и здравствени работници.
Северна Кореа стави околу 380 странци во карантин поради Ковид-19
Северна Кореја, пак, стави во карантин околу 380 странци за да спречи појава на коронавирусот, јавија државните медиуми. Претходно, земјата го прекина железничкиот сообраќај кон и од Кина и Русија.
Севернокорејските медиуми не откриваат повеќе детали за странците кои се наоѓаат во карантин, но се претпоставува дека се работи за странски дипломати во Пјонгјанг и оние кои дошле во земјата за некаква работа.
Пјонгјанг засега тврди дека во земјата нема болни од новиот коронавирус, но на почетокот од месецот беше воведен едномесечен карантин, а се спроведуваат посилни мерки за надзор на луѓето кои се разболуваат.