Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ и Беса ги дефинираат заедничките кандидатски листи за изборите

0
By Нова ТВ on March 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 6, 2020 18:04

Покрај изборот на кандидати кои би се нашле на листите за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април, во СДСМ паралелно се одвиваат и разговорите со БЕСА во делот на утврдување на заедничките кандидатски листи. Разговорите на сите нивоа ќе се одвиваат до Конгресот на СДСМ во понеделник (9 март). Има интензивна работна атмосфера во СДСМ, а ќе има и викендот, се до понеделник кога ќе ги заокружиме сите шест кандидатски листи. Ова денеска на прес-конференција го соопшти генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Разговараме за интегрирање на програмските потенцијали, односно програмските понуди, кои, исто така, треба да бидат верифицирани и на Конгресот на СДСМ и во телата на БЕСА. Овие процеси се одвиваат согласно динамиката, согласно роковите и договорот што е постигнат меѓу претседателите е цврста гаранцијата дека на следните избори со сигурност ќе имаме заеднички листи првпат и оти многу лесно ќе бидат утврдени местата и позициите“, рече Николовски.

Пред се, како што истакна, е важен и квалитетот на кадровскиот потенцијал.

„Битно за граѓаните е какви кадри нудиме. Ние го утврдивме принципот 50-50, како прва политичка структура, најголема. На листите ќе имаме 50 отсто жени, 50 отсто мажи. Ќе имаме сосема отворени листи што ќе бидат една слика за целокупното наше општество. СДСМ има и свои кандидати кои се Албанци. Ќе бидат застапени сите етнички заедници. Паралелно ги завршуваме разговорите и со сите други останати коалициски партнери“, нагласи Николовски.

Најави дека ова ќе биде, како што рече, најголемата победничка предизборна коалиција.

„Не само поради тоа што сме со БЕСА заедно и што е нов квалитет на целокупната наша понуда и е една силна гаранција дека оваа коалиција со сигурност, веќе тоа сите го знаат по реакциите, дека го добива мандатот за формирање Влада. Ова ќе биде најголема коалиција која настапила на било кои парламентарни избори“, рече Николовски.

Николовски информира дека во моментот во СДСМ завршува внатрепартиската постапка и процедура и во делот на предлагање од ниво на месни одбори до утврдувањето на потенцијалните кандидати од страна на општинските организации. Досега се евалуирани над 750 кандидати кои имаат поднесено кандидатури во СДСМ, без оглед дали се членови на партијата, поддржувачи, активисти, индивидуалци, интелектуалци, кои на отворената понуда, постапка и транспарентен однос од наша страна навистина пројавија интерес. Посочи дека и согласно утврдените критериуми и процедури кои првпат ги спроведуваат како најголема политичка организација. Таа постапка се одвива и треба да заврши вечерта на 9 март, на Конгресот на СДСМ. Пред Конгресот ќе се одржат состаноци на Централниот и на Извршниот Одбор. Работната група која работи на проблематиката на утврдување на кандидатите до тогаш интензивно ќе ги анализира сите материјали, документи, ќе ги евалуира, оценува со број на бодови и по потреба на разговор се повикуваат многу кандидати.

„Отвораме една нова страница, нов квалитет во политичкото одлучување, во развојот на кадрите, во селекцијата“, потенцира Николовски.

Како што истакна, има загарантирани места за коалициските партнери на СДСМ, но и тоа ќе го соопштат на Конгресот, кога ќе ги заокружат сите одлуки на Извршниот и на Централниот Одбор. Места и позиции се разговараат, пред се, меѓу претседателите на политичките партии, но битен е квалитетот на целокупната постапка, рече Николовски. Генералните секретари на СДСМ и на БЕСА, Љупчо Николовски и Арјанит Хоџа денеска на заедничка прес-конференција беа прашани дали редефинирањето како концепт е дел од програмата на БЕСА, Хоџа рече дека зависи тоа кој како го толкува.

„Нашето видување за редефинирањето е во контекст на реформите. И точно е дека оваа победничка коалиција ќе направи огромни реформи таму каде што е најболно и каде што режимот успеа и како опозиција да задржи позиции, тоа е судството, правосудството. И во тој контекст реално ние заеднички се залагаме, да направиме реформи. Ако тој некој кажува за редефинирање, точно. Режимот мора да се редефенира само со реформи и тоа ќе го направиме заеднички“, рече Хоџа.

Николовски на истото прашање одговори дека целта на сето она што СДСМ како носител на извршната власт го прави и она што ќе го понуди на граѓаните, како што рече, без оглед кој како ќе го нарече, битна е суштината, што е она што ние чесно, одговорно го нудиме на граѓаните.

„Овојпат во фокус на целокупната програма, и тоа денес ќе го разговараме, е токму расчистување со остатоците на режимот или на тоа што БЕСА го подразбира во делот на судството и на правосудството. Еден од нашите столбови ќе биде ред, дисциплина и правда“, рече Николовски и додаде дека „коалиција пред се зборува за обединување“.

Беса избори листи пратеници СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.