НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: „Бомбите“ за Милошоски се нелегално стекнати материјали кои требало да завршат во СЈО

0
By Нова ТВ on March 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги оцени како брутална лага и манипулација изјавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека објавениот разговор на Јутјуб во кој пратеникот Антонио Милошоски се интересира за пресуда на Врховен суд за неговиот татко, се нови материјали.

Според него, станува збор за нелегално стекнати материјали кои требало да завршат во СЈО, а биле пуштени преку Јутјуб каналот за, како што вели, да се тврди дека СДСМ не ги пуштиле бомбите, бидејќи посочи, на тој начин од таа партија ќе признаеле дека не го предале целокупниот материјал што го поседуваат.

„Претпоставувам ќе продолжат и понатаму на Јутјуб да се појавуваат вакви снимки кои што ќе ги коментира Заев. Претпоставувам дека имаат некои работи недокажани со Милошоски. Во периодот кој следи ќе имаат можност да си кажат многу работи и едниот и другиот. Најдобро би било бидејќи бега од мене да излеземе на повторно соочување, барем да прифати со Милошоски да си продискутираат. Ние сме фокусирани на 12 април“, рече Мицкоски на денешната прес конференција во седиштето на партијата.

Во врска со содржината на „бомбите“ во кои се јавува Милошоски и дали е за него прифатливо пратеник да се јавува на судија за да се распрашува за пресуда за свој близок, Мицкоски кажа дека за него лично тоа е неприфатливо.

„Милошоски си даде коментар поврзан со текстот на тие нелегално стекнати материјали на фејсбук профилот. Немам што да додадам. За мене лично е неприфатливо да може високи официјални лица во државата – политичари, премиери, кој било друг, да интервенираат кај судии, да издејствуваат одлуки на врховни судови каде се носи амнестија, да може да интеревираат преку познанства и пријателства да обезбедуваат рекетираат средства за финансирање медиуми, итн. Политичарите треба да бидат надвор од интервенциите во судството“, рече Мицкоски.

Тој укажа и на еден нелегално стекнат материјал каде, како што рече, самиот Заев се фали дека по методот „трас-трас“ обезбедил одлука од страна на Врховниот суд, каде самиот вели дека на сите нас ни беше јасно дека ова кое што се случи практично не може да се случи без Заев и власта, но вели „тоа не му пречи на лидерот на СДСМ да биде носител на листа и кандидат за премиер“.

Мицкоски рече дека останува на ставот да не се кандидира за пратеник на изборите на 12 април и да биде шпицен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за мандатар.

Во врска со имињата на лицата кои ќе бидат потенцијални кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, тоа рече ќе го одлучи Централниот комитет на партијата закажан за вторник, по што кандидатските листи ќе ги објават во јавноста.

Во однос на родовата застапаеност, повтори дека одбива да зборува за проценти, туку се застапува за квалитет и на зголемување на тој квалитет.

„Бројките овде, за жал, се дефинирани со закон и ние ќе мораме согласно тој закон да постапуваме, односно помалку застапениот пол да биде 40-тина проценти, повеќе застапениот пол да биде 60-тина проценти. Но, не значи дека 40-тина проценти ќе биде помалку застапениот пол токму понежниот, можеби посилниот пол ќе биде помалку застапен на тие листи. Во финална фаза сме на составување на содржината на тие листи“, рече Мицкоски.

Запрашан дали може на листата да се очекуваат и лица кои се непартиски определени, тој укажа дека имаа натпартиски кандидат за претседател на државата и оти може да се очекува натпартиски и истакнати личности во својата фела да се најдат и на кандидатските листи за пратеници. На тоа дали ќе поднесе оставка ако изгуби на изборите закажани на 12 април, Мицкоски вели е уверен во победа и оти тоа го темели на проценки од анкети на јавното мислење.

Антонио Милошоки ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев избори разговори Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.