НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиите ги оформуваат и официјализираат изборните листи

0
By Нова ТВ on March 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партиите најдоцна за три дена треба да ги комплетираат листите со кандидати за пратеници со кои ќе настапат на предвремените парламентарни избори и да ги достават до Државната изборна комисија (ДИК). Владеачката СДСМ денеска на Конгрес ќе ги објави своите листи, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ тоа го најави за среда, откако за утре попладне закажа седница на Централниот комитет на партијата. Викендот своите кандидати за пратеници ги официјализира Движењето Беса, која предизборно коалицираше со СДСМ, одлуки дека остануваат во таа коалиција донесоа Либерално демократската партија и Партијата на пензионерите, а кон коалицијата се приклучи Демократската партија на Турците. ДПА, пак, соопшти дека настапува самостојно на изборите.

Во коалицијата на СДСМ досега е познато дека лидерот Зоран Заев ќе биде носител во четвртата Изборна единица (ИЕ), покрај него носител ќе биде и партиската потпретседателка Радмила Шекеринска, а во шестата ИЕ Билал Касами од Беса.

 

Заев вчера најави дека во секоја изборна единица, СДСМ ќе оди со двајца носители на листи – маж и жена.

„Ќе имаме двајца носители на листи, двајцата паралелно ќе го покриваат теренот. Тоа е еден нов квалитет, освен бројката од 50 отсто жени ќе имаме по една носителка на листа жена и по еден маж носител“, изјави Заев, најавувајќи дека покрај него и Шекеринска ќе биде носител на пратеничка листа. Како што нагласи, на пратеничките листи ќе се види континуитет, но ќе има и нови ликови.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, останува на ставот да не се кандидира за пратеник на изборите на 12 април и да биде шпицен кандидат на партијата за мандатар. За имињата на лицата кои ќе бидат потенцијални кандидати за пратеници од најголемата опозициска партија ќе решава Централниот комитет утре попладне.

„Луѓето во животот треба да се определат за една работа, не можеме да се определуваме за повеќе работи, па која ќе мине, таа нека мине. Ако вие бидете и кандидат за мандатар и потенцијален кандидат за пратеник, кандидат за директор, за министер, за амбасадор и така натаму, според мене лично е нечесно и оти тоа е затскривање зад пораз“, рече Мицкоски.

Во финална фаза се на составување на листите, а може да се очекува, како што вели, и натпартиски и истакнати личности во својата фела да се најдат и на кандидатските листи за пратеници. Како што најави Мицкоски, во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ остануваат досегашните коалициски партнери, а се разговара и со други партии.

Според одлуката на Централното собрание на „Беса“ кое синоќа ги определи кандидатите за пратеници, во изборна единица 1 кандидати се Кастриот Реџепи и Јонуз Фејзулах. Во „двојката“ Бастри Бајрами и Шенаси Геладини. Мелинда Рашиди е единствен кандидат за пратеник во ИЕ 5.

Најмногу кандидати за пратеници има за шестата изборна единица Билал Касами, Фадил Зендели, Хатије Етеми, Абдуш Демири, Фатлинда Јаја, Фатмир Сабриу, Флори Синани, Исеин Ајдари и Аднан Азизи. Лидерот на Движењето „Беса“, Билал Касами, претходно рече дека тој ќе ја предводи шестата изборна единица на коалицијата на СДСМ.

Централен одбор на ЛДП која останува во коалицијата на СДСМ вчера исто така ги утврди кандидатите за пратеници што ќе ги промовира дополнително. Членовите на ЦО на ЛДП оцениле дека досегашното коалицирање со СДСМ е успешно, така што во следниот период треба да се заокружат реформите во целост за успешен европски интегративен процес.

ДУИ која најави самостоен настап на изборите официјално не ги соопшти носителите на листите со кои ќе настапи на изборите, но според објавите во дел од медиумите за време на викендот, Централното претседателството го прифатило предлогот Али Ахмети да биде носител во ИЕ 6, Артан Груби во ИЕ 1, Ејуп Халими во втората, Нафи Дурмиши во ИЕ 3, Артан Спахиу во ИЕ 4, Агим Шаќири во ИЕ 5, а Џевдет Спахиу во ИЕ 7.

Одлука за самостоен настап на изборите изминатиот викенд донесе Демократската партија на Албанците (ДПА). Во неколку наврати, лидерот на партијата, Мендух Тачи рече дека се разговара со НДП, но од таа партија неодамна соопштија дека нема да учествуваат на изборите.

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ и вчера порачаа дека се уверени во победа. На прашањето дали ќе поднесе оставка ако изгуби на изборите закажани на 12 април, Мицкоски вчера одговори дека е уверен во победа, а тоа, како што изјави, го темели на проценки од анкети на јавното мислење. Според Заев, претходно имало опасност, но сега е сигурен дека ќе победат на изборите.

На изборите што треба да се одржат на 12 април ќе нема независни кандидатски листи, откако во предвидениот рок ниту еден од пријавените шестмина кандидати за независни носители не ги собра потребните 1.000 потписи. Државната изборна комисија на последната седница донесе упатство за постапката за решавање приговори, а од четирите партии од власта и опозицијата кои на последните избори освоиле најмногу гласови – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Беса побара предлози за членови во Избирачките одбори.

Кампањата за изборите ќе почне на 23 март, а ќе трае до полноќ на 10 април.

Дик избори кандидати листи партии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.