Германската канцеларка Ангела Меркел очекува дека меѓу 60 и 70 проценти од населението во Германија да биде заразено со коронавирус. Според германските медиуми, ова било кажано зад затворени врати на седница на ЦДУ.
„Се соочуваме со предизвик каков што досега сме немале. Главниот товар е на министерот за здравство, Јенс Шпан. Тој одлично си ја врши работа. Кризата сè уште не е надмината“, рекла Меркел.
Нејзината анализа ја потврди и министерот Шпан, кој дополни дека 80 отсто од инфицираните низ болеста ќе минат без симптоми.