НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите најнови информации за коронавирус на едно место

0
By Нова ТВ on March 12, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Мишелин“ ги затвора фабриките во Франција, во Шпанија и во Италија на најмалку една недела

Францускиот производител на гуми „Мишелин“ запира со работа во Шпанија, во Франција и Италија на најмалку една недела за да ги почитува мерките за безбедност што ги спроведуваат владите.


Во Белгија регистрирани 1.085 случаи на коронавирус

Белгиската влада во понеделникот соопшти дека во земјата има 1.085 лица со коронавирус, но и пет смртни случаи како последица на болеста.

„Бројот на случаи на нашата територија е во пораст што ќе дополнително ќе се зголеми во наредните денови“, се вели во соопштението на Владата на Белгија.


Прогласена „состојба на катастрофа“ во Баварија, рестораните остануваат отворени од шест часот наутро до три по полноќ со капацитет до 30 лица

Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Судер утрово прогласи „состојба на катастрофа“. На прес-конференцијата, Судер рече дека „ситуацијата е многу сериозна и се влошува“ во Баварија и се очекува случаите на коронавирус да се зголемуваат во наредните денови.

Новите мерки во покраината, која е меѓу најтешко погодените региони во Германија, вклучуваат затворање на кина, на театри, на музеи и на други места за рекреација за најмалку 14 дена. Рестораните можат да останат отворени помеѓу 6 часот наутро и 3 часот по полноќ, се додека бројот на гости на едно место не надминува 30 лица.

Судер, исто така, рече дека ќе има фонд за итни случаи до 10 милијарди евра за заштита на баварската економија. „Никого не дозволуваме да попушти“, додаде тој.

Од вчреа, во Баварија се регистрирани вкупно 886 лица со коронавирус. Германија како целина има 5.796, вклучувајќи и 12 смртни случаи и 46 опоравувања.


Филипче: Колку повеќе се придржуваат до мерките, толку поблаг ќе биде пикот на болеста

Колку повеќе се придржуваат до мерките, толку поблаг ќе биде пикот на болеста и здравствениот систем ќе може да го издржи. Ние не може да предвидиме. Сите мерки што ги правиме е за бројот на заболени да биде што помал. Верувам со сите мерки дека сме спремни особено со планот на ротација на кадарот, со опрема, материјали дека нема да ни се случи сценарио кое нема да може да го контролираме, изјави министерот за здравство Венко Филипче во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

_______________________________________________________________________

Во Сиетл, САД денска започнува тестирањето на вакцината против Корона

Првиот учесник на клиничкото испитување за вакцина за заштита од новиот коронавирус денеска ќе ја добие експериментална доза.Националниот институт за здравство го финансира тестирањето , што се одвива во Институтот за здравствени истражувања Каизер Перменте Вашингтон во Сиетл. Официјалните претставници на јавното здравство велат дека ќе бидат потребни од една година до 18 месеци за целосно да се провери ефикасноста на  вакцината.

_______________________________________________________________________

Њу Јорк ги затвора училиштата, рестораните и баровите

Њу Јорк денес ги затвора училиштата,, а ресторани, барови и други места се затвораат од утре. Градоначалникот Бил де Бласио рече дека решил да дејствува затоа што, како што вели, градот се соочува со невидена закана  Во САД се потврдени 3.774 инфектирани од Корона  од кој  69 смртни случаи . Њу Јорк – кој има повеќе од осум милиони жители – бележи пет смртни случаи. Починатите на возраст од 53 до 82 години имале хронични заболувања.

______________________________________________________________________

Четврти смртен случај од коронавирус во Грција

Бројот на починати лица од коронавирусот во Грција се искачи на четири, соопштија денеска властите. Досега во земјата се потврдени 228 случаи, од кои 57 се хоспитализирани, а извршени се над 3.400 тестови.


Курц до Австријците: Останете дома

Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави мерки на подолг рок за сузбивање на коронавирусот во земја. Австријците се повикуваат да останат дома и да контактираат само со луѓето со кои живеат.

Рестораните се затворени заклучно со вторникот и на патниците од Холандија, САД, Русија и Украина им е забрането да влезат во земјата. Училиштата и продавниците се исто така затворени, со исклучок на супермаркетите и аптеките.


Литванија на полноќ забрани влез за странски државјани

Почнувајќи од полноќ, странските државјани нема да можат да влезат во Литванија. Исклучоци ќе бидат направени за возачите и членови на екипаж кои превезуваат товар, странски државјани со дозвола за живеење во Литванија, дипломати и персонал на НАТО и нивните семејства.


Прва жртва во Украина, границите се затвораат

Украина ја објави својата прва жртва од коронавирус, набргу по објавувањето дека ќе ги затвори своите граници за странците. Тие ќе бидат затворени наредните две недели, објави шефот на Советот за национална безбедност и одбрана Данилов, по средбата со претседателот Зеленски.


Втор случај на Ковид-19 во шпанската Влада

Каролина Даријас, министер за територијална политика, е втор член на шпанскиот владин кабинет што е позитивен на Ковид-19, по министерката за рамноправност Ирина Монтеро. Целата Влада во Мадрид се подложи на тестирање.


Првиот човек на најголемата телекомуникациска компанија во Британија заразен со коронавирус

Првиот човек на најголемата телекомуникациска компанија во Велика Британија, БТ, е заразен со коронавирус, се вели во соопштението за печатот на веб-страницата на компанијата. Извршниот директор Филип Јансен, рече дека отишол на тестирање откако не се чувствувал добро. „Штом беа познати резултатите од тестот, се изолирав дома“, напиша Јансен. Тој рече дека ги известил неколкумината бизнис партнери со кои се сретнал оваа недела и им посочил дека неговите симптоми „изгледаат релативно благи“.


Пендаровски: Ако се одложат изборите за месец или два не е пропаст на светот

Во однос на дилемите во јавноста дали ќе има одложување на изборите негова проценка е дека избори со редуцирана кампања може да се реализираат, но има голема резерва за самиот ден на избори.

Пендаровски смета дека поради состојбата со коронавирусот голем број граѓани нема да излезат на избори и дека многу тешко ќе биде да се реализираат посебни мерки за гласање со оглед на тоа дека изборите се организираат во затворени простории и околу 500-600 лица гласаат во една изборна единица.

„Ако се одложат изборите на месец или два, тоа нема да биде пропаст на светот, најважно е здравјето на граѓаните. Не сакам да се сфати дека јас сега некому наметнувам решение или некому држам предавање. Сметам дека партиите на следната средба повторно треба да се навратат на ова прашање. Еден милион граѓани гласаат кај нас, имаме 3.000 гласачки места, 5 члена во Избирачките одбори и 5 нивни заменици. На денот на избори имаме гигантска операција за пренос на избирачкиот материјал, па потоа на крајот тој се предава на пребројување“, рече Пендаровски.


Се затвораат училиштата факултетите и градинките во Хрватска

Поради коронавирусот, од понеденик ќе бидат затворени сите градинки, училишта и факултети во Хрватска, а прекинот на наставата ќе трае две недели, објави денеска премиерот Андреј Пленковиќ, пренесе Радио-телевизија Хрватска. „Од понеделник нема да има настава во основните, средните училиштa и на факултетите“, рече Пленковиќ по состанокот со Националниот штаб за цивилна заштита.

Учениците од 1. до 4. одделение ќе следат настава преку посебни емисии на ХРТ, а за поголемите ќе се организира онлајн настава. Наставниците ќе продолжат да одат на работа, а ако е потребно, ќе можат да одат и деца за кои нема кој да се грижи, но настава нема да има.


ЕУ и САД без кординација за стратешките одлуки

Француски министар за економије, Бруно Ле Мие, рече дека жали поради одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, за 30-дневна забрана на странските посетители од поголемиот дел од Европа. „Таквото санитарно отстапување е несреќно бидејќи предизвикува политички реперкусии и се предизвикува економски хаос”, рече Ле Мие.

„Пораката која сите економски играчи овде одлично ја прифаќаат е дека повеќе нема координације меѓу Европа и САД кога се во прашање стратешките одлуки”, рече тој додавајќи дека денеска попладне ќе го повика американскиот секретар за трезор Стивен Мнухин.


УЕФА ги одложи сите мечеви во Лига на шампиони и Лига Европа за наредната недела

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги одложи сите мечеви во Лигата на шампиони и во Лига Европа што беа закажани за наредната недела.


Австралискиот министер за внатрешни работи позитивен на коронавирус

Австралискиот министер за внатрешни работи, Питер Датон изјави дека е позитивен на коронавирус.

„Утрово се разбудив со висока температура и суво грло. Веднаш го контактирав Министерството за здравство на Квисленд и дополнително се тестирав на Ковид-19“, наведе Дантон во соопштението што го објави неговата канцеларија.

Тој додаде дека тестот бил позитивен, но дека добро се чувствува. Во Австралија се забележени 156 случаи на коронавирус и три жртви, но властите очекуваат нивниот број брзо да се зголемува во следните неколку недели, бидејќи на овој континент пристигнува зима.


Кинески доктори и медицинска помош пристигнаа во Италија

Кинески авион натоварен со 31 тон медицински материјал заедно со десетина медицински експерти слета синоќа на аеродромот „Фјумичино“ во Рим. И покрај фактот дека Италија беше една од првите земји што забрани летови од Кина, двете земји настојуваат да покажат дека се обединети во борбата против пандемијата. Дури направена е и анимација која покажува како изгледаат италијански и кинески лекар во специјални заштитни одела со маски која стои како банер   на Твитер страницата на кинеската амбасада во Рим.


Трамп стравува дека е можеби инфектиран од коронавирус

Извор близок до Доналд Трамп изјави дека Претседателот е навистина загрижен за неговото здравје поради тоа што бил во контакт со лица заболени од коронавирус, јавува „Си-Ен-Ен“. Трамп им се пожалил на блиските од кабинетот откако се дознало дека бразилските политичари со кои неодамна имал средба биле позитивни на тестирањето за Корона.


Сопругата на канадскиот премиер Трудо позитивна на тестот за коронавирус 

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, ќе биде изолиран во наредните 14 дена откако неговата сопруга Софи  Трудо, беше тестирана позитивно за коронавирусот.


Вонредните мерки во Италија почнаа да покажуваат резултати

Две недели откако првите 10 града во северна Италија беа прогласени за „црвена зона“ и ставени во карантин, нема нови заразени, рече италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи ди Мајо.

Во Италија сега се забележани вкупно 1.016 смртни случаи, како и вкупно 15.111 заразени.


Ситуацијата со коронавирус во Кина се нормализира 

Кина се враќа во нормала. Градот Вухан, жариште на заразата со новиот коронавирус, втор ден по ред регистрира едноцифрен број на заболени – само пет нови случаи, соопшти кинеската Влада. Во останатиот дел од покраината Хубеј без градот Вухан, осми ден по ред нема нови случаи на заболени.

Во цела Кина вчера беа регистрирани осум случаи. Во Шангај се пријавени два, а во Пекинг еден новозаболен. Во Европа, Италија и натаму е најпогоденото подрачје од новиот вирус.


Седми француски пратеник со Ковид-19

15:08 PM – 12 март 2020

Пратеникот на Комунистичката партија, Андре Шасињо потврди дека е во болничка изолација, откако имал позитивен тест на Ковид-19. Тој е седми пратеник во францускиот Парламент со дијагностициран коронавирус во последните седум дена.

Првиот француски пратеник кој беше заболен со Ковид-19, Жан Лук Рајцер сè уште е на интензивна нега. Меѓу заболените во карантин се наоѓа и францускиот минитер за култура, Франк Ристер, кој учествуваше во неколку расправи на Парламентот.


Нови ригорозни мерки: Да се затворат кината, театрите, кафулињата со работа до 18 часот

12:19 PM – 12 март 2020

Влошена е здравствената состојба на тројца од пациентите кои се заболени од коронавирус, но се уште не се приклучени на машини за дишење. Тие се над 65 годишна возраст и спаѓаат во ризичната група. Останатите шест заболени се со лесна клиничка слика, информира министерот за здравство Венко Филипче. Утринава на Инфективна клиника е донесен еден пациент со температура кој се вратил од Германија, се чекаат резултатите, исто како и на луѓето чија изолација завршува денеска.

Болниците ќе примаат само итни случаи, а сите хронични пациенти и тие што се закажани се откажуваат. Се забрануваат сите јавни и приватни собири без разлика на бројот. Кафетериите ќе работат со скратено време до 18 часот, со преполовен капацитет за да има растојание меѓу луѓето, а мерката се однесува и нас портските сали, казина и кладилници.  Да се откажат сите кино и театарски претстави. Директорите на клиниките за Неврохирургија и КАРИЛ веќе прават прераспределба на кревети и апарати и ги подготвуваат капацитетите доколку за тоа има потреба.

До мерките на владата ќе треба да се придржуваат и верските заедници, МПЦ, Католичката црква и ИВЗ. Верските заедници мора да се придржуваат кон мерките и нема логика да ги повикуваат верниците на собири и миси, нагласи министерот Филипче.


Тотален крах: Ќе нема фудбал и во Шпанија

1:00 PM – 12 март 2020

Нема да има фудбал во Шпанија во Првата и Втората лига во следните 14 дена. Постои можност дел од фудбалерите на Реал Мадрид да се заразени, па поради тоа ќе има прекин во првенството. Ла Лига е вториот шампионат од „Лига 5“, што ги прекинува натпреварите поради коронавирусот по Серија А.

Раководството на Ла Лига само еден ден претходно соопшти дека натпреварите во наредните две недели ќе се играат без публика, но ситуацијата во меѓувреме се влоши и во текот на денот беше променета одлуката.Оваа цел се презема со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во Шпанија и на Пиринејскиот полуостров.


Берзите во провалија: Паѓаат индексите, акциите, нафтата, златото и доларот

12:25 PM – 12 март 2020

Цените на акциите на азиските берзи денеска забележаа голем пад, како и индексите на Волстрит, додека индексите на европските берзи паднаа на најниско нови од средината на 2016 година. Ова се должи на пандемијата со новиот вирус Ковид-19, но и падот на цената на нафтата и одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да ги забрани патувања во Европа за период од 30 дена.

Во Европа, индексот „ЕуроСтокс 50“ на пазарот на фјучерси забележа пад од 6,3 отсто откако претходно беше регистриран пад дури од 8,3 проценти. Лондонскиот индекс фјучерс ФТСЕ изгуби 5,6 отсто, додека германскиот ДАКС – 6,0 проценти. Индексот МСЦИ на азиско-пацифичките акции, без јапонските, се намали за 4,0 проценти што претставува најниско ниво од почетокот на 2019 година. На Токиската берза, Никеи индексот се намали за 3,8 проценти, додека акциите во Шангај, во Хонг Конг, во Јужна Кореја, во Австралија и во Сингапур се намалија од 1,6 до 8,0 отсто.

Остар пад забележаа и американските термински индекси, индексот фјучерс С&П500 утрово падна за 4,7 отсто, откако вчера се намали 4,9 проценти. Терминскиот индекс на Дау Џонс во моментот бележи загуба од над 800 поени, по вчерашниот пад од 5,8 проценти, што е првпат од финансиската криза во 2008 година.

Пад на светските берзи бележи и цената на нафтата, поради несогласувањата помеѓу Саудиска Арабија и Русија. Официјален Ријад најави зголемување на производството на нафта во април на 12,3 милиони барели дневно, а вчера и Обединети Арапски Емирати соопштија дека ќе го зголемат производството на нафта од следниот месец. Американската нафта ВТИ (WTI) бележи пад од 5,4 проценти и се тргува за 31,47 долари за барел, додека цената на северноамериканската нафта „брент“ се намали за 5,7 отсто и се продава за 34,24 долари за барел.

Пад бележи и вредноста на доларот во однос на јапонскиот јен и швајцарскиот франк. Вредноста на американската валута се намали за 0,8 отсто и сега чини 103,66 јени, додека во однос на швајцарскиот франк забележа пад од 0,3 проценти и се спушти на 0,9344 франци. Еврото се тргуваше за 1,1292 долари, што значи раст од 0,2 проценти, додека британската фунта се намали на 1,2807 долари, што е најниско ниво ова недела. На берзите раст забележа цената на златото за 0,1 отсто и унца чини 1.636 долари, но е значително помалку од понеделникот кога унца злато се продаваше за над 1.700 долари.


Тениската сезона во прекин на шест недели, Ѓоковиќ се врати во Европа

11:42 AM – 12 март 2020

Новак Ѓоковиќ заедно со својот тим ги напушти САД по одлуката за суспензија на тениската сезона на шест недели, поради ширењето на болеста Ковид-19 низ целиот свет.

Српскиот тенисер требаше да учествува на Мастерс турнирите во Индијан Велс и во Мајами. Но,м поради прогласената пандемија, календарот на АТП е ставен „под мраз“ на одредено време, па Ѓоковиќ реши да се врати во Европа.

Претходно и Рафаел Надал се врати во Шпанија од САД по откажување на Мастерсот во Индијан Велс.


(Видео) Италија во карантин: Улиците пусти и празни, затворени сите фирми

12 март

Италија е најпогодената европска држава со Ковид-19 кој досега однесе над 800 човечки животи. Земјата е во карантин, а властите синоќа донесоа одлука за затворање на сите фирми, освен оние чие функционирање е важно за земјата. Забранети се секакви собири, затворени се кафулињата, рестораните, театрите, кината, музеите, итн.

https://www.youtube.com/watch?v=BPXtn15_9qo&feature=emb_logo

Низ медиумите и социјалните мрежи се објавуваат снимки од различни места во државата кои ја доловуваат атмосферата во државата. Улиците се пусти и празни.

Италија ги затвора сите продавници освен аптеките и продавниците за храна

Италијанскиот премиер Џузепе Конте објави дека сите трговскки објекти во Италија ќе бидат затворени до 25 март. Исклучок се продавниците за храна и аптеките. Мерката е воведена со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус. Во телевизиско обраќање Конте нагласи дека фирмите треба да ги затворат сите оддели што не се одлучувачки за прооизводството.

Се затвораат сите продавници, козметички салони, барови и ртесторани. Градскиот транспорт ќе продолжи со работа како и банките.

„Ќе го анализираме ефектот од мерките за две недели“, изјави премиерот. Конте вчера објави карантин врз целата територија на државата до 3 април.

Италија Карантин Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.