НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коронавирус: Откриени се нови симптоми на заболувањето

0
By Нова ТВ on March 19, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Професорот Хендрик Штрек, раководител на Институтот за вирологија на Универзитетската клиника во Бон, открил нови симптоми на заразата со Ковид-19. Претпоставува дека тие се случуваат во напредната фаза од болеста.

Неколкудневно губење на чувството за мирис и за вкус е констатирано кај дел од пациентите во Германија кои биле заразени со новиот коронавирус, вели професорот Штрек, кој тестирал најголем број пациенти во Германија, но засега не може со точност да утврди кога се манифестираат тие симптоми.

„Претпоставуваме дека тоа се случува во напредната фаза од болеста“, вели Штрек во интервју за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Кај 91 отсто од пациентите тестирани во Кина, симптомите биле благи и лесни, придружени со сува кашлица и евентуално треска. Дополнително, кај 30 отсто од германските пациенти е забележана и диареа, што е повисок процент одошто во Кина.

Вирологот објаснува дека една заразена мајка дури не можела да го почувствува мирисот на преполната пелена на нејзиното бебе, а кај други – храната им била целосно без вкус.

Ова се симптомите кои досега се сметаа за карактеристични за Ковид-19:

Новиот вирус е помалку опасен од САРС, но се реплицира уште во горниот дел на дишниот тракт што го прави многу позаразен. Карактеристика на САРС беше репликацијата длабоко во белите дробови, што го прави помалку заразен, но далеку поопасен.

Штрек објаснува дека во Италија биле тестирани само случаите со тешки симптоми – околу 9 отсто. Притоа, биле тестирани и веќе починати. Таму, според него, бројот на заразени е далеку повисок од прикажаните бројки. Во Германија, на пример, се тестираат и пациенти кои имаат благо гребење во грло, додека такво нешто во Италија не се прави.

И во Кина смртните случаи на почетокот брзо растеа во однос на бројот на заразените, бидејќи биле тестирани мртви. Притоа, повикувајќи се на студијата и од кинескиот Шенжен, Штрек заклучува дека децата се заразуваат од вирусот исто колку и возрасните, но тие развиваат само лесни, или дури и никакви симптоми.

Германија Коронавирус преглед Симптоми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.