НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сугарески: Ако е неопходно ќе се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села

0
By Нова ТВ on March 23, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку е потребно ќе се забрани и транспортот на луѓе меѓу градови и села, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

„Владата има донесено мерка за намалување на 50 отсто на бројот на патници во меѓуградскиот превоз и патниците да бидат најмалку два метра одалечени еден од друг.  Согласно препораките на Кризниот штаб, Министерството за здравство и Владата доколку се смета дека е неопходно да се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села, и таа мерка дополнително ќе биде донесена“, рече Сугарески на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека во моментот, согласно препораките, во сила е само препораката за сериозно намалување на бројот на патниците во меѓуградскиот превоз.

Сугарески додаде дека полека се нормализира работењето на транспортните компании кои вршат транспорт на стока во вакви услови.

„Непрекинато се одвива процесот на издавање лиценци, одобренија, дозволи. Во градежниот сектор реално засега нема поголем застој, но реално е да се очекува“, оцени министерот за транспорт и врски.

Тој потенцираше дека успеале да ги вратат заглавените возачи од кризните подачја, секојдневно добиваат и нови информации за наши граѓани блокирани на некоја од границите, но постојано се во комуникација со нашите амбасади во тие држави и се обидуваат во најбрзо време да ги донесат дома.

Сугарески најави дека од утре секој транспортер што ќе врши транспорт надвор од границите на државата ќе мора да извади дозвола од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. За да нема застој транспортерите треба да ги вадат дозволите преку асоцијациите на транспортери.

Во однос на дозволите за влез и излез во државата, појасни ресорниот министер, се дефинирани правила и е направено усогласување со Министерството за внатрешни работи, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Царинската управа.

„Секоја компанија е потребно да поседува дозвола за влез на територијата на РСМ која што се однесува на професионални возачи на товарни возила кои влегуваат на територијата на РСМ и кои се придржувале кон посебен здравствен и протоколарен режим за влез во државата кој е донесен од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Бидејќи во овие неколку денови имаше многу барања за дозволи, надлежните институции во неможност сите да ги изготват навремено,  се усогласивме излез од државата да се прави само врз основа на базата на податоци што ја поседува Министертвото за транспорт и врски и валиден сертификат. Но, ваквата процедура ќе важи до утре и секој транспортер што ќе врши транспорт надвор од границите на државата ќе мора да ја извади оваа дозвола од Државниот санитарен и здравствен испекторат“, појасни Сугарески.

Барањето за дозвола за професионалните возачи на товарни возила за влез на територијата на државата треба да содржи основни податоци за компанијата барател (назив, адреса, телефон за контакт), точниот број на дозволи кои ги побарува, лични податоци на возачите за секоја дозвола посебно, а за секоја барана дозвола треба да се наведат државите низ кои ќе се врши превозот на стока и за колку дена се планира да биде извршен превозот на стока.

Танасоски: Увозот и извозот на стоки регуларен и без никакви попречувања

Увозот и извозот на стоки во земјава оди регуларно и без никакви попречувања, порача денеска директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

„Увозот и извозот на стоки од земјава оди регуларно, протокот на стока е регуларен и нема никакви попречувања. Секое зголемување на увозот е добредојдено за нас, но сакам да информирам дека имаме и зголемен извоз кај кондиторската индустрија што е многу добро за нашата економија“, рече Танасоски на денешната прес-конференција во Владата.

Тој прецизира дека веднаш по прогласувањето на вонредната состојба и претходно со воведувањето на рестриктивните мерки, Царинската управа заедно со Министерствата за економија и за финансии и Државниот пазарен инспекторат направи анализа на увозот на сите неопходни продукти за кои за одреден дел има забрана за извоз, а на другиот дел е дозволен слободен извоз за да нема штета кај компаниите.

Податоците од анализата, како што кажа, покажале дека увозот и извозот одат регуларно и оти има регуларен проток на стоки без никакви попречувања.

Горан Сугарески Ѓорѓи Танаскоски Коронавирус Македонија Транспорт царина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.