Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: ДУИ е за намалување на плати на функционерите, не и на административците

0
By Нова ТВ on March 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 24, 2020 11:35

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека за него и за неговата матична партија ДУИ е прифатлива мерката што ја предложи коалицискиот партнер СДСМ за исплата на минимална плата на функционерите во знак на солидарност во услови на економската криза од коронавирусот, но не е прифатливо да има такво намалување на платите во јавната администрација.

„Јас сум подготвен да одам со намалена плата, но не само јас, туку ние како ДУИ ја поддржуваме мерката што се однесува на минимална плата за сите функционирани или именувани лица, но сме против да се оди со минимална плата за целата јавна администрација. Секако дека имаме наши предлози и би ги охрабрил сите стопански комори, НВО и експерти да достават соодветни предлози, затоа што ние мислиме дека има и други ставки во Буџетот каде што може да се скрати првично и да одиме фазно на тоа дека трошокот од оваа пандемија треба да го сносиме сите“, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Моментно, дополни тој, мислиме дека треба да почнеме со намалување на платите на функционерите, откажување на секакви плаќања во управни одбори, надзорни одбори и слично, па потоа да ги видиме другите фази имајќи ги во предвид и приходите во државата што треба да ни ги каже Министерството за финансии и да донесеме соодветни одлуки.

„Мој личен став како министер за економија, но истовремено и ставот на ДУИ е дека не треба такво кратење да се направи во јавната администрација“, потенцираше Бектеши.

Туристичките агенции ќе издаваат ваучери за откажаните аранжмани 

Граѓаните кои уплатиле туристички аранжман, а им пропаднале поради кризата со коронавирусот, ќе добијат ваучер од туристичките агенции со важност до 31 декември во 2021 година. Ова го сооопшти министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција на која истакна дека е изготвена уредба со законска сила, со која на агенците ќе им се овозможи да издаваат ваучари во износ на уплатената сума што може да се искористи за кое патување заклучно со крајот на 2021 година.

„На тој начин сите клиенти, кои поради настанатата ситуација со коронавирусот, ги откажале своите аранжмани нема да ги изгубат уплатените средства, а во исто време туристичките агенции би можеле да го издржат финансискиот товар кој би се распределил на подолг временски период“, рече Бектеши.

Издавањето на ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира со согласност од двете страни, односно туристичката агенција и патниците. Туристичките агенции кои ќе престанат да ја вршат дејноста ќе имаат обврска средствата во целост да им ги вратат на клиентите, а тие што нема да ги почитуваат условите за издавање на ваучeри, ќе добијат соодветни казни согласно со законите за туристичка дејност и за прекршоци.

ЗАМП ги ослободи угостителите од плаќање надомест за музика

Бектеши соопшти и дека за поддршка на туризмот кој е најпогоден од кризата на барање на Министерството за економија, Здружението за заштита на авторски и музички права (ЗАМП) донесе одлука да ги ослободи од плаќање надомест за музика, рестораните, хотелите, кафулињата и останатите субјекти што плаќат ваков надомест, имајќи предвид дека воопшто не работат.

„Заедно со Фондот за туризам кој веќе беше формиран и со останатиот пакет економски мерки на коишто интензивно работиме можам да кажам дека ќе бидат прифатени речиси сите барања од туристичкиот сектор“, рече Бектеши.

администрација економија ЗАМП Крешник Бектеши плати Туристички агенции функционери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.