Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коронавирус: Два билиона долари за економијата на САД

0
By Нова ТВ on March 25, 2020 СВЕТ
Фото: adn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 25, 2020 10:47

Американскиот сенат и Белата куќа договорија пакет помош за националната економија во вредност од два билиона долари поради пандемијата на коронавирусот. Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Мек Конел, наведе дека станува збор за инвестиција како во воено време.

Тоа воедно е најголема економска мерка за спасување во историјата на САД и замислена е како повеќенеделна или повеќемесечна „поддршка за економијата“ која се движи кон рецесија.

Веста за постигнатиот договор ја објави високиот советник во Белата куќа, Ерик Уленд, нешто по полноќ, кој додаде дека треба уште правно да се доработи. Преговорите од минатиот петок траеја секојдневно. Мек Конел се подготвуваше да објави оти е постигнат договор за предлогот, а деталите треба да бидат дополнително објавени.

Меѓутоа, во последните 24 часа, елементите на предлогот добија сѐ поголем фокус, со издвоени 250 милијарди долари за директно плаќање на поединци и на семејства, 350 милијарди долари заем за мали компании, 250 милијарди долари надокнада за осигурување од невработеност и 500 милијарди долари за заеми за проблеми на компаниите. Доколку мине во Когресот, пакетот би бил најзначајна законодавна мерка преземена за решавање на брзорастечката криза од коронавирусот.

Повеќе од 50.000 луѓе во САД во меѓувреме се заразени од новиот коронавирус. Регистрирани се над 660 смртни случаи од Ковид-19. Илјадници компании мораа да затворат. Милиони останаа без работа, а 100 милиони луѓе – речиси една третина од населението – мора да остане дома во изолација за да се забави ширењето на вирусот.

економија Коронавирус мерки помош САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.